10.8 C
Скопје
13:13 - 27 октомври, 2026

(ВИДЕО) КАНЈЕ ВЕСТ НЕ САКА ДА СЕ РАЗВЕДЕ ОД КИМ КАРДАШИЈАН: Раперот се отвори во интервју

ким кардашијан канје вест

Канје Вест рече дека сè уште „сака да биде“ со отуѓената сопруга Ким Кардашијан и покрај нивната тековна постапка за развод.

Во ново интервју, кое се чини дека е снимено минатиот месец врз основа на неговата фризура, но објавено во четвртокот, раперот го критикуваше „Saturday Night Live“ поради начинот на прикажување на раскинувањето со Ким и призна дека сака да се смири со неа.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by ye (@kanyewest)

„SNL“ ја натера мојата сопруга да каже „Се разведов од него“ на телевизија затоа што тие само сакаа да ја направат таа шега. Никогаш не сум ги ни видел документите за развод. Не сме ни разведени“, изјави тој за „Drink Champs“ на ТВ Revolt.

„Не ми е на шега мене. Моите деца сакаат нивните родители да останат заедно. И јас сакам да бидеме заедно“.

Вест (44), исто така, ги обвини медиумите и тимот на Кардашијан за „промовирање“ на идејата за развод и одредени публицисти дека „ѝ ги полнат ушите на Ким“.

РОМАНТИЧНА ВЕЧЕРА: Ким Кардашијан повторно забележана со Пит Дејвидсон

Слични објави

Двапати животно загрозена во рок од три месеци: Теа Таировиќ итно оперирана поради внатрешно крварење

Е.А.

(Фото+видео) Запознајте ја корејската козметика одблизу на работилница за нега на кожата

Еспресо

Сопругата на Лозано, Сава Грачанин, објави фотографија со синот Марко, кој неодамна наполни две години

Еспресо

Надежда Биљиќ за тешкото детство, двојниот живот и борбата со славата: „Навечер бев во штикли, а наутро чистев по крави“

Е.А.

(Видео) „Дали има поубаво од тебе?“: Мартин од „Некст тајм“ и сопругата Андреа го прославија вториот роденден на ќерката Лиана

К.С.

Сува кожа, испукани усни и чешање — како студеното време влијае врз нашата кожа?

К.С.
Се вчитува....