20:16 - 7 ноември, 2026

(Видео) „Чукај, чукај“ во ново руво – Антониа Гиговска и Благица Павловска ја објавија дуетската песна!

Поп пејачката Антониа Гиговска и фолк дивата Благица Павловска ја претставија новата верзија на безвременскиот хит „Чукај, чукај“, кој првпат беше објавен во 1998 година, давајќи му современ звук и нова емоција.

Освежената преработка денеска ја доби и својата визуелна приказна, со премиера на видеоспотот на Јутјуб. Во песната се појавува и сопругот на Гиговска, Роберт Спасенцовски – Џокер, кој внесува дополнителна динамика со својот дел.

Зад музиката стојат Дарко Димитров и Медо Чун, додека аранжманот го потпишуваат Димитров и Дамир Имери. Продукцијата е на Димитров, а текстот е заедничко дело на Димитров, Спасенцовски и Павловска. Придружните вокали ги изведува Гиговска.

Видеоспотот е реализиран од „Лимитед Рулс“, со Кристијан Теодоров како директор на фотографија, во соработка со професионална екипа што стои зад визуелниот концепт. За стајлингот се погрижи Викторија Бурсак, со креации од Дејан Сидор, додека за изгледот беа задолжени Даниел Николовски и „Ла хер студио“.

 

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....