17:00 - 7 ноември, 2026

Кој е мистериозниот „Џан“? Фановите убедени дека Карлеуша е во врска со турскиот заводник

Пејачката Јелена Карлеуша повторно го привлече вниманието на јавноста, откако нејзина изјава поттикна бројни шпекулации на социјалните мрежи.

Гостувајќи во емисија, таа зборуваше за значењето на името „Џан“, посочувајќи дека на турски значи „дијамант“, а не „душа“, како што често се мисли.

„Сосема случајно познавам еден Турчин кој се вика Џан. Го прашав што значи неговото име и ми рече дека значи дијамант“, изјави Карлеуша.

Токму оваа изјава беше доволна за фановите да започнат со нагаѓања – дали станува збор за познатиот турски актер Џан Јаман.

Иако претходно се ширеа гласини дека турскиот бизнисмен Садетин Саран, поранешен партнер на Емина Јаховиќ, покажува интерес за Карлеуша, вниманието сега е насочено кон друга личност.

Карлеуша неодамна престојувала во Турција, каде што ужива голема популарност, а таму и понатаму ја препознаваат по врската со нејзиниот поранешен сопруг Душко Тошиќ, кој своевремено настапуваше за „Бешикташ“.

Дополнително, таа во интервју за турски медиуми го пофали изгледот на Саран, велејќи дека „воопшто не е лош“, што уште повеќе ги разгоре шпекулациите.

Слични објави

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо
Се вчитува....