8.8 C
Скопје
11:52 - 18 февруари, 2026

(ВИДЕО) АЛЕКСАНДРА БИДИ СИЛНА: Македонската инфлуенсерка соопшти дека ѝ откриле тумор на главата

Македонската инфлуенсерка и модна блогерка Александра Шијакоска која успешно го трасира својот пат, секогаш со позитивна мисла да прави нешто добро за другите и да биде добар пример, денес ја растажи македонската јавност откривајќи дека ѝ откриле тумор на главата.

Имено, Шијакоска сподели дека извесен период нема да биде присутна на социјалните мрежи како до сега поради нејзината здравствена состојба.

„…Имам една поговорка по која секогаш се водам: – Ако си среќен, да знаеш дека ќе помине. Ако ти е лошо, и тоа ќе помине. Се се случува со причина и никогаш не треба да се сомневате во одлуките и изборите кои ги направил Господ за вас… Дури ни во најлошите кошмари, никогаш не замислував дека еве ќе дојде до оваа точка, но… Ми открија тумор на главата и ме чека операција, која е покомплексна во однос на тоа каде е поставен туморот и колку е тешко да се извади. Дали се плашам? Не. Дали ми е тешко? Многу…“, раскажа Александра.

„Во видеото се наведени причините за тоа и уште нешто што ми лежи на душа. После видеото го предавам телефонот на друг и нема да можам да прочитам ниедна порака. Ве замолувам доколку имате препорака за добар доктор (неврохирург) кој би можел уште еднаш да ги погледне резултатите, некаков контакт кој би можел да ни помогне или некој сличен случај да го споделите. Пораките ќе бидат прочитани за да не пропуштиме некоја важна информација која може да ни помогне, но не од мене. Со мене се гледаме по операцијата со Господ напред“, напиша таа во описот на трогателното видео.

Видеото предизвика лавина коментари за поддршка и надеж дека операцијата ќе помине во најдобар ред и дека Шијакоска ќе се врати на своето секојдневие.

„Успешна операција и рехабилитација. Биди добро што поскоро“, „Алекс, храбра си! Нема да се предадеш, се ќе помине и се ќе биде како што треба! Биди јака!“, „Само сети се што ми рече во авион кога ти ја држев раката силно од страв, а ти ми раскажуваше за сообраќајката во смеа! Те чекаме да се вратиш посилна, многу посилна!“, „Пробувам да останам рамнодушна што повеќе, за да можам да ислушам со крај, ама срце не ме држи. Те молам издржи. Тука сме за тебе, те сакаме“, „Алекс, силна си, храбра си, знаеш и самата колку битки победи, така и оваа!!! Со помин!“, се само дел од коментарите под нејзината објава.

Александра, биди добро.

Извор: Слободен печат

Слични објави

(Фото+видео) Проѕирно и горе и долу: Рада Манојловиќ носела проѕирен фустан, а само гаќи под него

Еспресо

Познатиот српски јутјубер доживеал страшна сообраќајна несреќа, автомобилот му е целосно уништен

Еспресо

Поранешната девојка на Саша Ковачевиќ си ја отвори душата: „Молчев со години, доживеав сериозни трауми“

Еспресо

(Фото) Прослава во домот на Венди! Ќерката ѝ дипломираше, пејачката „пука“ од гордост

Еспресо

Хороскоп за 18 февруари: Раковите ќе имаат продуктивен ден, Водолиите ќе бидат отворени за промени

Еспресо

(Фото) Сања Маринковиќ знае како да ужива: Водителката позираше во костим за капење на одморот во Катар

Еспресо
Се вчитува....