19.3 C
Скопје
02:06 - 21 јуни, 2026

Вељко Ражнатовиќ ѝ упадна на настапот на Карлеуша: Скокаше и викаше, а таа денес го нарече „невоспитан“!

На снимката што последниве денови кружи на социјалните мрежи се гледа како Вељко Ражнатовиќ влетува во студиото, скока и вика додека Јелена Карлеуша на сцената го изведува својот голем хит. Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ во 1998 година заедно гостувале во емисија кај Минимакс, а токму тој стар телевизиски момент повторно стана вирален. Позната по својот остар и директен јазик, Јелена конечно ја прокоментира ситуацијата.

– Се сеќавам на тоа, беше мил, но од друга страна, родителите кои не ги контролираат своите деца што им пречат на други изведувачи додека настапуваат, не ги оправдувам. Ништо не реков тогаш затоа што ги сакам децата, но не ги поднесувам родителите кои не ги воспитуваат своите деца и дозволуваат да им пречат на сите, да се фрлаат, да викаат и да скокаат. Таквите деца најчесто израснуваат во невоспитани луѓе. Затоа, воспитувајте си ги децата – изјави Карлеуша, пренесе Информер.

Конфликтот меѓу Јелена Карлеуша и Цеца Ражнатовиќ започнал уште на почетокот на 2000-тите. Според многумина, причината била тоа што Карлеуша одбила да се повинува на непишаните правила на тогашната естрадна хиерархија и јавно го спомнала најпрво сопругот на Цеца – Аркан, а потоа и самата пејачка. Во култната емисија „Максовизија“ во 2005 година, Карлеуша отворено му возвратила на тогаш многу влијателниот Ражнатовиќ, што предизвикало лавина на настани.

Во годините потоа, Карлеуша повеќепати истакнувала дека Цеца никогаш не ѝ се спротивставила лице в лице.

– Никогаш не смееше да ме погледне во очи. Секогаш имаше некој што зборуваше наместо неа – или адвокат, или некои луѓе. Тоа е разликата меѓу нас – јас не бегам, не се кријам, јас зборувам – изјавила таа.

Нивните препукувања повеќепати завршувале на суд. Цеца ја тужела Карлеуша поради навреди, а Карлеуша, од своја страна, често нагласувала дека „вистината еден ден ќе излезе на виделина“. Јавноста со години го следи нивниот судир како сапуница без крај, со наслови како „Цеца ја тужи Карлеуша поради изјава во емисија“ или „Карлеуша за Цеца: Таа е симболот на мракот од деведесеттите“.

За разлика од повеќето пејачки кои избираат тишина, Карлеуша ретко кога се воздржувала. Нејзините изјави често биле насочени кон лицемерието на естрадата, патријархалните вредности и двојните стандарди.

– Јас сум единствената што се осмели да зборува. Поради тоа ја плаќав цената, но никогаш не клекнав – изјавила таа во едно интервју.

Слични објави

„Мојата мајка не ни дозволуваше да носиме црно…“: Гога Секулиќ си ја отвори душата за големата загуба

Еспресо

(Фото) Бил на Калемeгдан: Рики Мартин покажа како си поминал во Белград и Пула

Еспресо

Вашата љубовна приказна заслужува магичен почеток – „Magic moments“ за свадба од соништата

apostolova

Готвачка откри што најмногу сака да јаде Здравко Чолиќ: Уживал во домашно готвени јадења

Еспресо

(Видео) Ноќевање чини 1.000 евра – Марија Шерифовиќ ги спакува куферите и отиде на оваа луксузна дестинација

Еспресо

Болката не стивнува — таткото на починатата планинарка Калина Велевска потсети на важна приказна за неа

Еспресо
Се вчитува....