8.8 C
Скопје
18:08 - 31 март, 2026

Вечерва „Баклава“ го промовира новиот албум: Гости ќе бидат Дарко Рундек и „Суперхикс“

По неколку години создавање, конечно излегува четвртиот албум на групата „Баклава“. Јубилеен со своите четири страни, албумот содржи 13 песни, огромна екипа, различни жанрови и претставува вртење на сосема нова страница во работата на познатата македонска група.

Концертната промоција на новиот албум на „Балкава“, едноставно насловен „IV“, ќе се случи вечерва во киното „Фросина“ во МКЦ.

– Голема среќа и задоволство е да имаш огромен број музичари, мајстори, виртуози на своите инструменти и преубави личности. Овој албум нѐ сплотува во една голема фамилија. Секако, да споделуваш мисли и музика со Дарко Рундек и да станеш дел од посветеноста, ведрината и енергичноста на „Суперхикс“ е многу радосно. На концертот ќе бидеме девет музичари на сцена и во тој состав ќе ги претставиме песните од новиот албум. Беше голем предизвик да се соединат сите овие инструменти, ама сега звучи магично и многу возбудливо. Гости на концертот ќе ни бидат „Суперхикс“, па така ќе си побоиме заедно, рече Елена Христова, вокалистката на групата „Баклава“.

Слични објави

„Ален немаше што да јаде кога Бреговиќ го избрка“: Мили ја откри вистината…

Еспресо

Сале Тропико доживеал мозочен удар додека бил со децата

Еспресо

(Фото) Виктор Живојиновиќ наполни 28 години: Бренa и Нина Бадриќ му пееле на прославата

Еспресо

(Фото) Иванка Трамп направи шоу во пустината – ретко ја гледаме во вакво издание

Еспресо

„Го крадев автомобилот од родителите“: Сергеј Четковиќ се потсети на прославата на полнолетството и проговори за Јаков Јозиновиќ

Еспресо

Станот по смртта на рок-ѕвездата Слаѓана Милошевиќ сè уште е запечатен, а исчезна и нејзиниот автомобил од 25.000 евра

E.A.
Се вчитува....