28.1 C
Скопје
12:17 - 10 јули, 2026

Златна Бубамара 2020, на сцената и пред сцената: Сашко Коцев го „избриша“ подот со РЕКЕТ! (ГАЛЕРИЈА)

Ако некој ги заслужува сите аплаузи, тоа е дефинитивно „Златна Бубамара“, бидејќи е единствената манифестација која веќе 23 години успешно опстојува, без разлика какви политички ветришта дуваат во државата. 

Организаторот Ранко Петровиќ и оваа година се потруди да ги собере најдобрите и најквалитетните од нашата земја, но и регионот.

Домаќинот Сашко Коцев и оваа година имаше „полни раце“ работа. Се разбира на менито му беше аферата „Рекет“, па се пошегува и со нашиот прием во НАТО,  а најголем впечаток остави неговиот настап кога го препеа хитот на легендарниот Тома Здравковиќ, „Дотако сам дно живота“.

– Како да те Кики моја, како да те Фрики моја… “, вака некако одеше новиот текст на песната.

Инаку вчера беа доделени доста награди, но секоја издржана и секоја од нив заврши во вистинските раце.

Ќе започнеме со ред:

Инклузивна танцова претстава – Пепелашка-Еурека

Најпопуларна детска ТВ емисија – Дајте музика

Песна за век и векови – На Велигден (Џина Папас Џокси)

Пејачка на годината – Тамара Тодевска

Хит на годината – Proud (Тамара Тодевска)

Спортски подвиг – Илина Арсова (7 врвови)

Најсатирична емисија – Фчерашни новости

Трајни музички вредности – Електрични оргазам

Театарска претстава – Мој термин (МНТ)

Актер на годината – Јордан Симонов

Актерка на годината – Тања Кочовска

Најпопуларна регионална пејачка – Јелена Розга

Животно дело во областа на музиката – Ангеле Димовски

Трајни музички вредности во етно музиката – Синтезис

Интернационална награда за животно дело – Раде Шербеџија

Концерт – Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ

Животно дело во областа на филмот – Столе Попов

Награда за прва труба – Џамбо Агушев

Најголем интернационален успех – Медена Земја

Амбасадори на македонската култура – Танец

Спортски успех – РК Вардар

Музички Продуцент – Мите Димовски

ТВ актерка – Јелена Јованова

Најпопуларна ТВ Проект – Преспав (ОХО)

Трајни музички вредности во рок музика – Ристо Вртев (Архангел)

Трајни музички вредности – Галија

Пејач на годината – Влатко Лозаноски

Од синоќешните настапи ќе издвоиме само неколкумина. Тамара Тодевска буквално ја „разнесе“ сценографиајта со нејзината изведба на евровизиската „Proud“.

Влатко Стефановски и Раде Шербеџија ја разнежнија публиката со антологиската „Остала си увек иста“, исто така и момците од „Некст Тајм“ ја наежија публиката со нивната „Ѓурѓо“, а на бината им се придружија ракометарите од РК Вардар.

Уште долго ќе се зборува за настапот на Ристо Вртев од „Архангел“. Публиката уживаше во „Милион долари“, „Везилка“ и „Убер Македонише“.

Исто така одлични на бината беа и Јелена Розга и нашиот Џамбо Ангушев.

Последен на синоќешната „Златна Бубамара“ беше моментално најголемата музичка ѕвезда во Македонија, миленикот на публиката, Влатко Лозаноски. Тој и неговиот бенд буквално изгледаа и звучеа светски!

Погледнете низ фотографии како беше на 23. издание на „Златна Бубамара“.

 

фото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресофото: Драган Митрески/Еспресо

Слични објави

Кој е поранешниот партнер на Тамара Калиниќ пред бракот со Филип: Три и пол години ја криеше врската, а по раскинувањето го напушти Лондон

Еспресо

Ева Јовановска откри дали се скарале со Миро и зошто престанала да биде дел од „Голден карпет“

apostolova

„Господинот совршен“ по раскинувањето со Маја Шупут рака за рака со згодна русокосата, откри што се случило

Еспресо

(Видео) Скандалозен настап на Десингерица – им ја бричеше косата на обожавателите во Хрватска

Еспресо

(Фото) Прво летување како брачен пар — Анета Љумаковска и Рубин уживаат во Парга

apostolova

Хороскоп за 10 јули: Лавовите ќе имаат проблеми во љубовта, Рибите ќе се занимаваат со финансиски теми

Еспресо
Се вчитува....