03:51 - 8 ноември, 2026

Васил Гарванлиев: Се плашев да кажам дека сум геј, но по сите закани решив да ја раскажам мојата приказна

Македонскиот претставник на годинешното издание на Евровизија, Васил Гарванлиев воодушеви со својата изведба на песната „Here I Stand“. За жал, моќниот настап, маестралната изведба и специјалните ефекти на сцената проследени со огромен аплауз од публиката не беа доволни за пласман во големото финале.

Гарванлиев непосредно пред големиот настан, за британскиот магазин „Attitude“ за прв пат прозборе јавно за својата сексуалност, изјавувајќи дека да се биде геј е веројатно најмалку интересната работа за него, но и дека тешко зборува на таа тема.

Во своето неодамнешно гостување во емисијата на „Reporter.mk“ отворено прозборе за своите импресии од Евровизијата, за рекациите, поддршката и за својата сексуалност.

„Мислам дека бев во пубертет кога сфатив кој сум. Тогаш ѝ напишав писмо на мајка ми, а таа откако го прочита ми рече: „Знаев и пред да ми кажеш. Биди среќен, тоа ми е најважно“. Ми олесна што ѝ кажав и што таа ме израсна со многу љубов“, рече Васил во своето интервју.

„Верувам во љубов, тоа е мојата Ахилова пета. Тоа е и мојата порака за младите: Најди личност на која ќе ѝ веруваш, и сподели. Вистината боли, но ти дозволува да живееше мирно“, истакна Гарванлиев.

Уште кога го промовираше спотот за песната „Here I Stand“, јавноста беше поделена. Додека некои беа воодушевени, многумина вмешаа политика во целата приказна обвинувајќи го дека наводно во спотото се појавува бугарското знаме кое го поврзаа со двојното државјанство на Гарванлиев. Македонската телевизија мораше да состави комисија која анализираше и утврдуваше дали Васил со својата изјава дека има бугарско државјанство некако ги прекршил евровизиските правила. На крај, му беше дозволено да ја претставува нашата држава на Евровизија и да ја испее својата песна.

„Човек сум и ако кажам дека се е океј, ќе излажам. Но, бев многу мирен, затоа што работите беа извадени од контекст. Се зачудив колку… не сакам да кажам плитко, но на еден начин, плитко размислуваме и веруваме на тоа што го читаме… Јас и пред две години реков дека сум најгордиот Македонец. Сепак, очекував одговорите во тој момент да застанат зад мене, а тоа не се случи“, вели Васил додавајќи дека иако бил последен, не добил гласови од жирито и не влезе во големото финале, е горд на себе и на фактот дека ја претставуваше Македонија.

Целото интервју можете да го проследите на следниов линк:

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....