8.8 C
Скопје
20:32 - 19 февруари, 2026

УШТЕ ЕДЕН ЧЛЕН НА КРАЛСКОТО СЕМЕЈСТВО: По принцот Чарлс и Камила позитивна на Ковид-19

Војвотката од Корнвол, Камила e позитивна на ковид-19, пренесуваат странските медиуми. Официјални лица соопштија дека принцот Чарлс бил позитивен на тестот на 10 февруари кога му бил извршен како рутински преглед пред било каков јавен ангажман.

Камила првпат беше позитивна на коронавирусот само неколку дена откако нејзиниот сопруг, принцот Чарлс објави дека е позитивен. Сега, сценариото се повторува.

„Нејзиното кралско височество Војвотката од Корнвол е позитивна на ковид-19 и е во самоизолација. Продолжуваме да ги следиме владините упатства“, стоеше во соопштението.

И Чарлс и Камила се целосно имунизирани против ковид-19, а неодамна ја примиле и третата бустер доза од вакцината.

Чарлс, принцот од Велс, беше позитивен минатиот четврток и тогаш војвотката Камила истакна дека „за среќа“ е негативна, велејќи дека се тестирала „многу пати“.

ЧАРЛС ИМА КОРОНА: Принцот се состанал со кралицата Елизабета пред два дена!

Кралицата била во контакт со Чарлс, нејзиниот најстар син, два дена пред да биде позитивен, но Бакингемската палата во четвртокот соопшти дека таа не покажува никакви симптоми.

Палатата одби да потврди дали 95-годишната кралица е позитивна на вирусот. Чарлс претходно беше позитивен на вирусот во март 2020 година, кога поминал со поблаги симптоми.

КРАЛИЦАТА ЕЛИЗАБЕТА НЕ ОДЕЛА ВО УЧИЛИШТЕ: Строгите правила на кралството

Слични објави

„Не е вистина дека ми се слошило“: Снежана Ѓуришиќ се огласи по скандалот со синот

Е.А.

(Фото) Српскиот тенисер ужива со фаталната актерка на планина: Сите зборуваат колку е убава

Еспресо

Пејачката на 43 години отвори конкурс за брак – може и мажи и жени: „Јас ќе одлучам!“

Еспресо

Ана Николиќ се пресели во хотел, еве што се случува во нејзиниот стан од 500.000 евра

Еспресо

(Фото) Боса и со гол стомак: Катарина Живковиќ ужива во зајдисонцето среде пустина

Еспресо

Годишнина од смртта на Ѓорѓе Балашевиќ – Сопругата Оливера: „Засекогаш остави прозор преку кој комуницираме“

Еспресо
Се вчитува....