09:54 - 29 ноември, 2026

„Тој е голем нарцис“: Бившата на Ем-си Стојан го извади „валканиот веш“ за музичарот

Пејачката Зорана Миќановиќ и раперот Ем-си Стојан пред два дена ставија точка на нивната навидум хармонична врска.

Имено, Миќановиќ решила да стави крај на нивната врска кога видела дека раперот поминува време на Кипар во друштво на непознати згодни девојки, а веста за нивното раскинување одекна како бомба.

Не така одамна, Миќановиќ гостуваше во подкастот на Луна Ѓогани, во кој таа зборуваше за врската со раперот, а на прашањето да ги наброи неговите три маани, таа одговори:

– Ух… Тој е голем нарцис, многу се сака себеси. Сака да зборува за себе дека е убав и сака другите да му кажуваат дека е убав. Мислам, тој е навистина убав, но знаете, понекогаш малку претерува – рече таа, а потоа продолжи:

– Тој е срамежлив пред камерите. Тој е навистина срамежлив. И вака кога зборуваме за нешто, вака ги става рацете преку лице, се срами. Иако е толку стар, се срами. Ги избегнува новинарите, не сака многу да зборува пред камери.

Пејачката долго размислувала што би можела да ја наведе како трета маана, а потоа заклучила:

– И третото… Досега немам видено никакви маани, ќе ви кажам кога ќе ги видам – ​​низ насмевка рече Зорана.

Дали сега по раскинувањето ги видела сите маани на Стојан, останува да дознаеме.

Слични објави

Кремасто и вкусно, готово за 15 минути — рецепт за пире од карфиол кое е одлична замена за пирето од компири

К.С.

Дневен хороскоп за 29 ноември: Не избрзувајте со одлуките, побарајте совет од личност на која ѝ верувате

apostolova

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.
Се вчитува....