20:38 - 28 ноември, 2026

Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, морален компас – почина Макси Џез на 65 години

Почина познатиот музичар и диџеј Макси Џез (65), главен член на групата „Фејтлес“ заедно со Роло и Систер Блис.

Систер Блис објави дека пејачот починал мирно во сон, во неговиот дом во јужен Лондон, во петокот вечерта.

„Ви испраќам љубов на сите вас кои го споделивте нашето музичко патување. Чувајте се еден за друг“, напиша таа на Твитер.

Фејтлес беа познати по сингловите, вклучувајќи го We Come 1, кој стигна до топ три на топ листите во 2001 година и хитот Insomnia, кој го достигна третото место во 1996 година.

Во изјавата споделена на неговиот Инстаграм се вели:

„Тој беше човек кој ни ги промени животите на толку многу начини. Тој и даде соодветно значење и порака на нашата музика.

„Тој исто така беше прекрасно човечко суштество кој имаше време за секого и мудрост која беше и длабока и достапна. Беше чест и, се разбира, вистинско задоволство да се работи со него“.

„Тој беше брилијантен текстописец, диџеј, будист, прекрасно присуство на сцената, љубител на автомобили, бескраен говорник, убава личност, морален компас и гениј.“

Фејтлес е формирана во 1995 година. Групата стана пионер на стадионската денс музика – беше номинирана за најдобар танц во Велика Британија на Брит наградите во 1999 и 2002 година.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....