03:36 - 8 ноември, 2026

Телохранителот ја обвини Крис Џенер за сексуално вознемирување

Поранешниот телохранител на Крис Џенер, Марк Маквилијамс, ја обвини за сексуално вознемирување, додека од друга страна таа тврди дека сето тоа е лага.

Во тужбата поднесена во Лос Анџелес, Маквилијамс наведе дека Крис го наведувала на секс додека во 2017 година тој како телохранител на неа и нејзината ќерка Кортни работел за шоуто „Keeping Up With The Kardashians”. Исто така, ја обвинува и за непријателска атмосфера на работа, расна и полова дискриминација.

Фото: Инстаграм

Тој тврди дека го „масирала неговиот врат, рамената, раката и грбот без престанок, ја ставала раката на неговите гради и препони, ја триела карлицата од неговиот грб и задникот без дозвола или одобрување“. Исто така „го изложувала своето тело на непристоен и сугестивен начин“.

Адвокатот на Џенер, Марти Сингер жестоко ги негираше обвинувањата во изјавата за „TMZ“.

„Крис категорично негира дека некогаш се однесувала непримерно кон него. Телохранителот работел пред куќата и никогаш не ни влегол во нејзината куќа“, изјави тој.

Фото: Инстаграм

Тој додаде дека Крис имала многу мала интеракција со него. Откако бил фатен во повеќе наврати како спие во својот автомобил додека бил на работа, од него било побарано повеќе да не доаѓа. Една година подоцна тој добил и отказ.

„Сега ја тужи Џенер наведувајќи измислено сексуално вознемирување и неправедно раскинување на соработката“, изјавил адвокатот.

Фото: Инстаграм

„Тој никогаш не се пожалил од Крис на својот работодавец се додека не го измислил ова смешно тврдење. Несфатливо е дека било кој може да тужи некого во Америка. Кога Крис и Кортни ќе ја добијат оваа смешна и несериозна судска постапка, имаат намера да го тужат Маквилијамс и неговиот адвокат поради злонамерен прогон“, порача Сингер.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....