22:52 - 9 ноември, 2026

Тања Савиќ ќе гради вила со базен: Ќе започне ново поглавје со помладиот партнер

Пејачката Тања Савиќ заедно со својот свршеник Мухамед Муќи Бешиќ купи големо парче земјиште во близина на родното село Радинац, крај Смедерево, каде што ќе изгради вила од околу 500 квадрати. Новиот дом ќе содржи базен, голем тревник и куќички за милениците, а една од собите ќе биде специјално адаптирана во гардеробер.

Блиски извори за медиумите откриваат дека пејачката ја вложила целата своја заштеда во оваа инвестиција. Таа сака во новиот дом да живее со Муќи и своите два сина, а како што призна, посакува и трето дете, па затоа им е потребен поголем простор од сегашниот.

„Тања веќе поднесе барање за пренамена на земјиштето од шумско во градежно, ги доби урбанистичките услови и проектот за куќата. Сега чека градежна дозвола, по што ќе започнат работите“, наведува извор близок до пејачката.

И самата пејачка откри дека ова за неа е исполнување на долгогодишен сон.

„Можеби звучи страшно, но јас никогаш немав своја куќа! Откако почнав да работам, секогаш плаќав кирија. Сонував за свој дом и дворно место, и конечно дојде време да го остварам тоа. Пресреќна сум!“, вели Савиќ.

Таа додава дека проектот за вилата првично бил предимензиониран, но поради условите морале да го изменат. Сепак, инсистирала да има соба за гардероба, бидејќи, како што вели, „веќе нема каде да ја смести целата облека, костими, обувки и чанти“.

Слични објави

Огњен Амиџиќ призна за што се кае во животот, па изненади со ставот за луѓето кои не сакаат семејство

Еспресо

Фризерот на Цеца ја критикуваше Александра Пријовиќ: „Ѝ недостига коса, не сè што е скапо е и добро“

Еспресо

„Јас сум аждаја за него“: Карлеуша првпат проговори за своето 24-годишно мoмче, а откри и дали се запознало со Душко Тошиќ

Еспресо

Милан Станковиќ се вратил во манастир: Рада Манојловиќ ги откри деталите

Еспресо

(Фото) Најбогатата српска актерка сподели радосни вести, слави во вилата од 4,5 милиони долари

Еспресо

(Фото) Колинда Грабар-Китаровиќ се појави во Рим облечена во палто од 4.000 евра

Еспресо
Се вчитува....