11.8 C
Скопје
09:56 - 20 октомври, 2026

Тања Робертс почина на 65 години – еден ден откако по грешка предвреме ја објавија нејзината смрт

Profimedia

Актерката Тања Робертс почина во понеделникот вечерта – еден ден откако нејзиниот сопруг и публицист поради недоразбирање предвреме ја објавија нејзината смрт.

Девојката на Бонд мирно починала во болницата „Cedars – Sinai“ во Лос Анџелес, каде беше хоспитализирана 24 декември, откако отишла да ги прошета кучињата и по враќањето дома паднала во несвест.

Нејзиниот претставник за медиумите рекол дека на таа отишла да ги прошета кучињата. По враќањето дома паднала во несвест. Ја однеле во болница, но не ѝ било подобро. Тие информации ги пренесе нејзиниот долгогодишен партнер Ленс О`Брајан за „Пост“ во вторникот.

Profimedia
Фото: Профимедиа

Партнерот на актерката изјави дека претходно се согласил да ги исклучат апаратите затоа што лекарите му рекле дека тоа е „сочувствително“ – со оглед на тоа дека бубрезите, црниот дроб и жолчното кесе веќе не биле во функција, дека таа имала смртоносна инфекција на крвта што се ширела низ нејзиното тело.

„Тие ми рекоа дека сите нејзини телесни функции, нејзините органи се распаднати и таа никогаш повеќе нема да биде истата, дека ќе биде врзана за кревет до крајот на својот живот“, изјави О`Брајан.

Сестрата на Робертс, Барбара Лири, изјави дека е „во целосен шок“ поради смртта на најзината сестра.

Instagram
Instagram

„Нека нејзината убава душа почива во мир… Јас сум ужасно, ужасно тажна“, изјави Лири.

Instagram
Instagram

Конфузијата се вртеше околу последните моменти од животот на Робертс, откако нејзиниот публицист, Мајк Пингел, предвреме ја објави нејзината смрт во неделата. Ова веројатно произлезе од очигледно недоразбирање помеѓу О`Брајан и Пингел…

О`Брајан во вторникот изјави дека не знаел како се случило недоразбирањето и дека сите биле длабоко вознемирени во тие моменти.

Пингел ја повлече веста за смртта на Робертс во понеделникот, велејќи дека таа сè уште е жива, но дека е во многу тешка состојба, но ден потоа, таа засекогаш ја изгубила битката…

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

(Фото) Уна Чолиќ не штеди на накит – носи златно ланче од 3.300 евра

Еспресо

„Те сакаме сите“: Слаткар со емотивна порака до Калиопи по големиот концерт во Скопје

К.С.

(Видео) Босанска пејачка тврди дека била нападната во клуб, сопственичката вели дека само ѝ удрила шлаканица

Еспресо

Новa естрадна војна поради Јаков Јозиновиќ: Јелена Карлеуша ја прозва Милица Тодоровиќ за недостаток на патриотизам

E.A.

„И да дојде Ал Пачино, ќе треба да чека ред да се вработи во театар“: Дритон Вејсели откри дека добил само празни ветувања

Еспресо

(Фото) Елена Најдоски се затекна во Париз за време на немирите: „Едвај чекам да се вратам во Македонија“

К.С.
Се вчитува....