03:50 - 8 ноември, 2026

Тамара Тодевска ќе ја истетовира химната и тоа баш онаа строфа што ја заборави!

Пејачката Тамара Тодевска (35) деновиве постојано изненадува со своите изјави по социјалните мрежи. Нејзината присутност во медиумскиот простор е секогаш актуелна. Така во нејзиното последно гостување во емисијата „BackStage“ повторно си ја „отвори душата“.

Тодевска како и секогаш искрено зборуваше за нејзиниот приватен живот, за пандемијата со коронавирусот и како нејзиното семејство се справува со „новата нормалност“.

Пејачката воедно ја потврди веста дека нејзиниот сопруг бил позитивен на коронавирусот, но како што изјави, за среќа останатите членови од најблиското семејство не се заразиле. Тамара кажа дека овој период бил навистина стресен за неа.

Instagram

– Сите бевме во изолација 15 дена, зашто маж ми имаше корона,  и јас не знам како не фатив, не ми е јасно, многу е чудно, не само јас туку и децата беа со нас дома колку што траеше периодот на самоизолација – изјави Тамара.

– Не е толку тешко здравствено да го издржиш, колку што психички треба да си спремен за тоа. Мислам дека многу влијае тоа на сите нас – вели таа.

Фото: Инстаграм

– Татко ми не сум го видела многу долго, вака да го видам убаво, да го гушнам, ми фали ми фали таа близина што ја имав со нив – со солзи во очите раскажа Тамара.

Тамара зборуваше и за нејзината кариера за време на пандемија, која како што вели дека воопшто не работи затоа што пејачите се директно погодени од целата ситуација. Таа апелираше јавноста да не ја заборави македонската естрада во овие тешки времиња затоа што многу од нив немаат никаков прилив на сретства.

Неминовно, се отвори и темата за скандалот и грешката која ја направи при нејзината изведба на македонската химна.

instagram

– Кај нас успехот најмалку се простува. Факт е дека јас згрешив, ме оцрнија буквално за цел живот –  рече Тодевска објаснувајќи дека и успехот што го постигна на Евровизијата многу брзо се заборавил.

– Кога сум згрешила знам да се извинам, а кога ненамерна е грешката уште повеќе ме боли кога некој не ми верува. Се надевам и верувам во тоа дека ќе избледе со тек на време, барем дел ќе се заборави и нема да ме мразат  луѓето. Мене тоа ме боли, што ме мразат без причина – разочарано изјави Тамара.

– Имам уште една екслузива да ви кажам, нели се тетовираат работи кои што ти го одбележале животот или ти значат нешто или ете те потсеќаат на некои убави или неубави работи, ете јас ќе јас ќе ја истетовирам химната и тоа баш онаа строфа што ја заборавив – изјави за емисијата на Бекстејџ.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

Млада Месечина во Скорпија на 9 ноември — време е да го оставите минатото зад себе и да им дадете шанса на новите почетоци

К.С.
Се вчитува....