11.8 C
Скопје
23:24 - 29 октомври, 2026

Тајната позади совршениот изглед на Џеј Ло!

Скоро да не пројде недела, а да Џенифер Лопез и Алекс Родригез не ги видиме на влезот во теретаната во која веќе имаат добиено и посебен третман, па смеат да ја користат и за време на коронавирусот. Тоа е еден од синонимите на здравиот начин на живот кој ја поттикнува активноста, а резултатите не се во недостиг.

Неверојатните стомачни мускули на 50-годишната латино дива покрај која би се посрамотиле и дупло помлади девојки, оставаат без текст. Но, освен спортската активност, дел од заслугата има и правилната и урамнотежена исхрана. Доколку сте се запрашале како точно изгледаат оброците на овој славен пар, сега тоа е познато. Нивниот сега веќе поранешен кувар Келвин Фернандез, кој за нив работеше полни 2 години, откри како тие се хранат и што се се наоѓа во нивната кујна.

„Во куќата секогаш ќе пронајдете минерална вода, многу овошје и зеленчук, особено јагоди. Иако Џеј Ло не е претеран љубител на овошјето, децата го обожаваат. Алекс обожава денот да го започне со свеж зелен напиток од многу зеленчик“, изјавил куварот. Кога станува збор за појадокот, во куќата Родригез-Лопез тој е неизбежен.

View this post on Instagram

Happy #InternationalDanceDay!!! ?

A post shared by Jennifer Lopez (@jlo) on

„Најчесто појадуваат јајца, а и сланината е неизбежен дел од тој оброк. Понекогаш се одлучуваат за пилешко или колбасици, но секогаш има јајца и тоа им е особено важно. Тие се тим кој многу добро знае што и кога ќе јаде, затоа им се богати залихите“, изјавил и додал:

„За нив во кујната секогаш има многу јајца, здрави грицки, а за децата и понекое слатко“.

Слични објави

Зошто толку нè вознемирува кога некој не ни одговара на порака? Психологијата го објаснува стравот што се крие зад чекањето

К.С.

Емина Јаховиќ со необични совети за детоксикација: „Ако немате сауна, влезете во автомобилот и вклучете го греењето на најсилно“

Еспресо

Уна Чолиќ доби подарок од 7.000 евра од дечкото – го прослави својот 25-ти роденден во Виена

Еспресо

Дара Бубамара подготвува полнолетство на синот, а најави и свадба и желба за уште едно дете

Еспресо

(Фото) Бресквица го покажа новиот дечко – ужива со него во авантурите во Дубаи

Еспресо

(Фото) Македонската блогерка Јована Трајковска стана мајка — на свет пристигна малиот Матиас

К.С.
Се вчитува....