16.8 C
Скопје
14:39 - 4 мај, 2024

Илон Маск: Го продавам речиси целиот свој имот, нема да имам дом

Канадскиот милијардер Илон Маск планира да го продаде речиси целиот свој имот, напиша денеска тој на својот Твитер налог.

– Го продавам речиси целиот свој имот. Нема да имам дом, објави Маск.

Тој, исто така, напиша дека цената на акциите на „Тесла” е премногу висока. Цената на хартиите од вредност денеска се намали за 71,81 долар, достигнувајќи 710,07 долари.

Според извештајот на Институтот за политички истражувања, објавен на 23 април, сопственикот на „Тесла” и „Спајс Икс” од 1 јануари до 10 април оваа година станал побогат за пет милијарди долари. Една од причините за тоа е лансирањето на механичките уреди за вентилација на компанијата „Тесла”.

Последните проценки на „Блумберг” покажуваат дека акциите на Маск надминуваат 39,7 милијарди долари. Тој се наоѓа на 22. место на листата на најбогати луѓе во светот. Неговите главни инвестиции се во алтернативни електрични средства и комерцијални вселенски услуги.

The post Илон Маск: Го продавам речиси целиот свој имот, нема да имам дом appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....