9.8 C
Скопје
03:06 - 29 април, 2024

Спектакуларните „IL DIVO“ доаѓаат во Македонија: Изгубија еден член од бендот, но музиката која ја создадоа заедно останува вечно!

Планетарно популарните  „IL DIVO“  конечно пред македонската публика. 15 октомври 2022 година – „Арена Борис Трајковски“. Токму Скопје и Македонија ќе бидат епицентарот на едно од најголемите музички случувања на овие простори.

„IL DIVO“ е комерцијално најуспешната „classical crossover“ група во меѓународната музичка историја, уште од нивното основање во 2003 година. Имаат продадено повеќе од 30 милиони албуми, IL Divo се први изведувачи на класичен кросовер кои имаат деби албум на #1 на 200 топ листита на Billboard.

Исто што вреди е да се спомене, е тоа што „IL DIVO“ во 69 градови, 18 земји во светот имаат продадено повеќе од 2 милиони влезници и тоа за нивните први четири албуми.

А, дека овој музички спектакал ќе биде посебен, не само за македонската публика, туку и за самите членови, говори тоа што тој ќе биде во чест на Carlos Marin, еден од членовите кој за жал почина во декември минатата година.

По трагичната смрт на Carlos Marin, преостанатите членови на мултинационалната група, американецот David Miller, французинот Sebastien Izambard и швајцарецот Urs Buhler, ќе продолжат со својата турнеа во знак на почит на Marin.

Турнеата, претходно насловена како „For Once in my life“ ќе продолжи како GREATEST HITS TOUR со специјален гостин, мексиканскиот американски баритон Steven LaBrie.

„Carlos беше  личност повеќе од животот, со ретка комбинација на неверојатно убав, од Бога даден глас и апсолутно, огромен талент. Неговата страст, разиграност и смисла за хумор создадоа таква магична личност, а неговата смеа ги воздивнуваше сите. Тој беше сакан од милиони фанови ширум светот и ние имавме среќа и чест што можевме да настапуваме со него во нашата средина толку многу години. Длабоко ќе ни недостасуваат неговата разиграност, пријателство и брилијантен глас. Во негова чест, ќе ја основаме Фондацијата Carlos Marin  и ќе му оддадеме почит на неговото пеење во нашите идни концерти. Нека сите го паметат по неговата прекрасна душа, неговиот неверојатен талент и нека почива засекогаш во мир“  – изјавија остантите членови на IL Divo во нивните соопштенија.

Турнејата ќе биде исполнета со хитовите на IL Divo од нивниот огромен каталог на песни со неверојатна сценска продукција.

Одговарајќи на повиците на нивната група на фанови во Македонија која е се во поголем број, тие за прв пат ќе ја донесат својата спектакуларна crossover програма во Скопје на 15 Октомври 2022 година!

Слични објави

(Фото) Драгана во прегратки на млад маж: Кога срцето ќе застане…

еспресо

(Фото) Лазар Ристовски угол гол во осмата деценија: Секси најава на новата серија

еспресо

(Видео) Милица Тодоровиќ брутално навредувана поради физичкиот изглед: Пејачката се здебели над 20 килограми!

Еспресо

(Видео+фото) Какво изненадување! Сопругата и децата го пресретнаа Никола Роквиќ додека пешачи кон Грција

Еспресо

(Фото) Ана Николиќ му испрати на оперираниот Раста силна порака: Еве што имаше да му каже со три збора

Еспресо

Зошто за Велигден вапсаме јајца? Потекло, симболика и практичност на велигденското јајце

еспресо
Се вчитува....