21.6 C
Скопје
01:03 - 1 август, 2026

СЛАВНИТЕ ДАМИ И НИВНИТЕ УЖАСНИ НАВИКИ: Џенифер Лопез има чудна опсесија, на Кајли Џенер инстаграмот ѝ делува на менталното здравје…

Кога ќе ги видиме познатите дами  си помислуваат дека живеат совршен живот. Убави се, секогаш средени и дотерани, имаат пари, насмеани се…Но, сепак, многу од нив се борат со своите внатрешни „демони“ – со лоши и нездрави навики.

На пример, Бритни Спирс и Оливија Вајлд имаат иста навика – да грицкаат нокти. А некогаш тоа го прават дури и пред камера.

Сара Џесика Паркер и Хали Бери имаат иста навика, а тоа е грицкање на усните и образите. Сара дури и јавно проговоре за тоа, дека не може да се сопре во оваа навика, и покрај болката и чудниот изглед пред папараците. Хали пак, вели дека со години ги грицка своите усни и поради тоа користи специјален балзам кој ја одвраќа од тоа.

Џенифер Лопез пак, е опседната со својата коса, односно со густината на косата, па не само што редовно прави третмани за волуменозна коса, туку и – несвесно – прстите постојано ѝ се во косата.

Ријана и Кајли Џенер се зависни од Инстаграм. Ријана признала дека е секогаш на телефон, додека психолозите тврдат дека таа потајно стравува да не ѝ престане славата. Кајли пак, признава дека социјалните мрежи делувале многу на нејзиниот живот, но и на менталното здравје. Таа додала дека поради социјалните мрежи станала зависна од корекции кои ќе ѝ обезбедат совршен изглед.

Барбра Стрејсенд и Мила Кунис се опседнати со брзата храна. Секојдневно јадат крофни. И не кријат дека поради тоа често имаат проблем со килограмите. Мила Кунис признала дека слабее само поради филмските улоги, и дека веднаш потоа им се враќа на омилените плескавици, крофни и кинеска храна.

Лана Дел Реј и Кетрин Хеигл не можат да се откажат од цигари. Кетрин многу пати се обидела да престане, но секогаш повторно им се враќала на цигарите, а Лана тврди дека секое утро го започнува со цигара и кафе.

Џесика Симпсон и Адел се зависни од џвакање слатки мастики. А тоа го прават дури и во емисии. Необична работа е дека Џесика никогаш не пушела цигари, но станала зависна од никотински мастики. Изјавила дека некогаш џвака по десет гуми за џвакање една по друга.

Слични објави

(Фото) Новата снаа на Лепа Брена ги покажа заносните облини – меѓу градите крие тетоважа

Еспресо

Дарко Лазиќ демантира дека бил исфрлен од клуб: „Пеев час и половина, а не ми платија“

Еспресо

Теодора Џехверовиќ отворено за конфликтот со колешката Ема Радујко: „Не толерирам непочитување“

Еспресо

Дара Бубамара полека го воведува партнерот во светот на естрадата

Еспресо

(Фото) Прва фотографија од Дea Ѓурѓевиќ од породилиштето: Водителката блеска само два часа по породувањето

Еспресо

Барате подарок што остава впечаток? Овие рачно изработени свеќи се повеќе од украс

Еспресо
Се вчитува....