23:46 - 3 ноември, 2026

Славата не му удри во глава: Гитаристот на „Rolling stones“ на доделувањето на „Брит“ наградите дојде со метро! (ВИДЕО)

Руни Вуд ја воодушеви интернет заедницата откако објави видео на кое се гледа како тој доаѓа на доделувањето на Брит наградите – со метро!

Секако, тоа не би било ништо необично да не се работи за култниот гитарист на еден од најпознатите бендови на сите времиња.

Вуд е релативно нов член на „Rolling stones“, бидејќи им се приклучи во 1975 година (околу десет години по врвот на нивната слава).

Но, тој и натаму важи за еден од најпознатите членови на бендот и член на Куќата на славни на рокенрол музиката.

Речиси е невозможно во денешно време да се замисли некој толку познат да прави нешто така обично како што е возење со јавен превоз.

Очигледно е дека лимузина многу повеќе би била во склоп со големата музичка ѕвезда. 

Во однос на реакцијата на фановите на социјалните мрежи, се чини дека легендарниот гитарист можеби дури сега го стекнува статусот на икона и за поновите генерации.

Слични објави

„Омразата не смее да биде нормалност“: Тамара Тодевска реагираше на изјавите на Петар Богојески

К.С.

(Видео) Мишо Ковач испратен во Сплит – повеќе од 30.000 луѓе му оддадоа почит, колегите ги пееја неговите песни

Еспресо

(Фото) Борко Ристовски го прослави 44. роденден, Нина му посвети порака за нивната љубов и семејство

К.С.

(Фото) Голема прослава во домот на Тијана Богичевиќ: Цеца веднаш ѝ испрати честитка

Еспресо

„Жената не е ничија сопственост“: Вики Чадиковска остро реагираше на изјавите на Петар Богојески за машкиот надзор

К.С.

Ханка Палдум се прости од Мишо Ковач: „И покрај сите животни предизвици, остана ист, наша легендо, почивај во мир“

Еспресо
Се вчитува....