10.8 C
Скопје
17:29 - 29 март, 2026

Сите мислеа дека се скарани, а војвотките планираат проект за „Нетфликс“

кејт мидлтон меган маркл

И покрај тоа што веќе некое време се зборува за заладените и заострени односи меѓу членовите на кралското семејство, Кејт Мидлтон и Меган Маркл се чини дека се поблиски од кога било, судејќи според изјавите на анонимните дворски извори.

Според извор кој разговарал со „Us Weekly“, војвотките размислуваат за соработка со „Нетфликс“

„Меган и Кејт всушност многу добро се согласуваат и се често во контакт. Меган разговараше со неа за соработка на проект за „Нетфликс“- документарен филм кој ќе ја истакне добротворната работа на Кејт и огромното влијание што го има со нејзината филантропија”, рекол изворот.

Наводно, Кејт е воодушевена и поласкана од понудата на Меган и верува дека тоа е чекор во вистинската насока кон градење посилни односи со нејзината снаа.

Да потсетиме, принцот Хари и Меган потпишаа договор со „Нетфликс“ минатата година и се согласија да произведат ексклузивна содржина, вклучувајќи документарци, филмови и емисии за деца и возрасни.

Слични објави

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova

Тензија во прв ред на концертот на Чолиќ – Милица Павловиќ и Сара Јо избегнуваа контакт

Еспресо

Едита откри каде ќе се породи! Во шестиот месец е од бременоста, проговори и за породувањето и семејството

Еспресо

Ким Новак не сака Сидни Свини да ја глуми во новиот филм: „Таа е погрешен избор поради горниот дел од телото“

Еспресо

Мелина Џиновиќ подготвува луксузна свадба во Монако, со венчаница дизајнирана лично од неа!

Еспресо

Хороскоп за 29 март: Биковите наоѓаат мир во себе, Водолиите носат храбра одлука

Еспресо
Се вчитува....