13.8 C
Скопје
11:30 - 18 октомври, 2026

Што точно се случува со мојата мајка? Синот на Бритни Спирс ќе ги раскаже нејзините тајни кога ќе стане популарен!

Некогаш една од најголемите поп-ѕвдезди на светот, Бритни Спирс (38) и денес предизвикува голем интерес во јавноста каде и да се појави, иако во потполност не е јасно што се случува со нејзината музичка кариера. Пред 4 години се врати после подолга пауза со својот деветти студиски албум „Glory“, но наводно повторно размислува да се откаже од музичката кариера.

И додека јавноста е оставена во „мрак“, нејзиниот 13-годишен син Џејден, кој Бритни го доби со поранешниот сопруг, танчерот Кевин Федерлајн (41), најавува на Инстаграм дека ќе открие што се случува со неа и сите нејзини тајни, во замена за нови следбеници. Тинејџерот изгледа дека не се воздржува од ништо со цел да „заработи“ нови виртуелни фанови и така да стане попопуларен.

„Што точно се случува со мојата мајка? Ќе ви ја раскажам цела приказна за неа кога ќе ме следат повеќе од 5 илјади луѓе на Инстаграм. Како што ќе станувам попопуларен, така ќе откривам се повеќе детали за Бритни“, ја објасни својата тактика Џејден.

View this post on Instagram

??? @samasghari

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Тој кажа и дека не знае дали Бритни веќе ќе снима нови песни и дека забележал дека ништо не прави на таа тема по завршувањето на турнејата. Бритни наводно му рекла дека мисли да престане со пеењето, на што тој бил непријатно изненаден, знаејќи колку мајка му заработува од музиката.

View this post on Instagram

What a fun summer ? @samasghari

A post shared by Britney Spears (@britneyspears) on

Новиот дечко на Бритни, тренерот Сам Асгари (26) му „одговара“ на тинејџерот, својот татко Џејден го спореди со Исус, а за дедото од страна на мајка му потврдил дека не е добра личност и дека може веднаш да исчезне од планетава. Брзо после импулсивниот испад на Инстаграм, профилот на момчето исчезна од друштвените мрежи.

Instagram/Printscreen

Слични објави

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо

Дневен хороскоп за 18 октомври: Овни, одвојте повеќе време за одмор

Еспресо

Ана Николиќ бесна поради лажен плакат на кој е со Наташа Беквалац: „Ова е будалаштина, се гледаме на суд“

Е.А.

„Размислувам да заминам во странство, таму можеби ќе имам подобра иднина“ – Бараме подобар живот, а дали ги гледаме сите можности што ни се пред очи?

Еспресо
Се вчитува....