26.8 C
Скопје
13:38 - 7 мај, 2024

Кучињата лаат, вирусот си врви, карванот замина

Со оглед на тоталната здодевност на македонската предизборна политичка сцена (тоа па тоа па тоа па тоа), деновиве слушам некои поинакви, корисни идеи со кои се занимава светот…

Имено, една од крупните, глобални последици што ќе ги остави зад себе коронавирусот, е масовното, привремено откажување на наставата низ училиштата и факултетите во разни држави во светот. Растечки е бројот на градови и региони кои масовно ја откажуваат наставата во сите сегменти на возраст во своите образовни системи. За почеток, на по неколку недели.

УНЕСКО вчера излезе со податок дека, во моментов, околу 300 милиони деца низ светот, заради вирусот, не посетуваат редовна настава. Таа бројка расте од ден на ден. Како што се развива „алгоритамот“ на ширењето на вирусот, никој не може со сигурност да каже дали нема да има потреба и од повеќемесечно одложување на часовите за учениците и студентите.

Таа настава, се разбира, ќе биде соодветно надополнета, според наоѓањата на образовните власти во секоја различно погодена земја од вирусната епидемија. Ширењето на вирусот – доколку непредвидливо не мутира, што е прогноза што никој не може, во моментов, да ја направи – во еден момент ќе почне да опаѓа, додека сосема не исчезне. Најавите се дека, порано или подоцна, како и за секој вирус, ќе се пронајде и вакцина за него, па тој, во догледно време, ќе се стави на листата на историски поминатите зарази, со релативно мала и „фокусирана“ смртност, за кои е најден лекот.

Но, дебатите во образовните кругови на развиените земји, како и во меѓународните организации кои го третираат образованието, се веќе започнати: зошто образованието, и покрај големиот развој на комуникациските и другите технологии во последните неколку децении, сè уште се одвива на начинот на кој тоа се правело пред сто и двеста години? Не само во смисла на физичките згради, училниците и таблите по ѕидовите (па макар и од оние „најпаметните“, со сите дигитално-електронски, аудио-визуелни помагала), туку и во однос на формалната верификација на дипломите што може да се стекнат?

Имено, принципот на давање дипломи, до највисоките нивоа на образование, сè уште главно е потпрен на физичко посетување на некаков вид групна настава, со многу мали сегменти на, спорадични, неформални или дополнителни образовни сегменти (курсеви) кои овозможуваат „учење (и полагање) од дистанца“. Колку што ми е мене познато, нема позначаен образовен систем во светот каде можете да се стекнете со валидна, национално или меѓународно признаена образовна диплома, без таков вид на настава.

Сето тоа не е без смисла: училиштата не се само место за стекнување образование, туку се и еден од главните („воспитни“) фактори за социјализација на младите за нивно продуктивно вклучување („програмирање“, „претопување“ и сл.) во „културниот модел“ на општествената заедница. За тоа не треба дополнителна елаборација.

Но, вирусов ја наметна потребата за ургентно отворање на дебатата за тоа, во светот на рапидни глобални промени и влијанија, со „пандемии“ од секаков вид, како побрзо да се воведуваат напредните решенија за дигитална едукација, за учење од дистанца, како вештачката интелигенција и другите решенија на модерната технологија да се стават во функција на наставните методи со кои физичкото присуство на младите во образовните институции нема да биде задолжително, од почеток до крај… Со други зборови, има ли место за формално признаено образование во „виртуелната стварност“ на интернет на кој младите, на еден или на друг начин, поминуваат по пет-десет часови дневно?

Ете предизборна тема за која некоја од овдешните партии би можела, макар како „скица“, нешто и да понуди за размисла! Кога не би се бавеле само со меѓусебни обвинувања за криминали, афери и други фантастични ветувања за „медот и млекото“ што ќе почне да тече штом тие седнат (и) во новата власт.

Додека овдешните кучиња лаат, и овој глобален карван, по сè изгледа, ќе го пропуштиме…

 

Извор: Цивилмедиа

The post Кучињата лаат, вирусот си врви, карванот замина appeared first on Слободен печат.

Слични објави

Франција ја забрани продажбата на Ајфон 12, поради преголемо зрачење

Еспресо

Небото ќе го осветли Нишимура, феномен кој се случува еднаш на 435 години: Вечерва поминува кај нас

Еспресо

(Видео) По слетувањето на Месечината, Индија лансираше ракета за проучување на Сонцето

Еспресо

(Видео) Само 24 пилоти имаат дозвола да слетаат на аеродромот во Бутан

Еспресо

„Зум“ ги враќа своите вработени назад во канцеларија

Еспресо

Среќник од Германија доби 10 милиони евра на „Евроџекпот“

Еспресо
Се вчитува....