18.8 C
Скопје
12:09 - 21 октомври, 2026

Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?

Како и секој претходен и иден петок се обидуваме да ви го олесниме одговорот на прашањето „Што да гледате на „Netflix“ и „HBO“ овој викенд?“.

Викендите секогаш се резервирани за добар филм или серија. Но, потрагата по истите често знае да биде досаден и фрустрирачки процес. Затоа ние ви подготвивме листа на филмови и серии кои сигурно нема да ве остават рамнодушни.

Worth – Филм на „Netflix“

Во Вашингтон, адвокатот Кенет Фајнберг се бори со цинизмот, бирократијата и политиката за да им помогне на жртвите од кобниот 11 септември.

Жанр: драма / IMDB оценка: 6.8 / Rotten tomatoes рејтинг: 80%

Enlightened – Серија на „HBO“

Една деструктивна жена, одлучува да води просветлен живот откако доживува ментален слом на работа. Сепак, по враќањето дома од лекувањето, таа се соочува со многу проблеми додека се прилагодува.

Жанр: драма/комедија / IMDB оценка: 7.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 87%

Temple Grandin – Филм на „HBO“

Девојче со аутизам по име Темпл Грандин, ги надминува ограничувањата што ѝ се наметнати од нејзината здравствена состојба и станува експерт во областа на сточарството. Инспиративна приказна која нема да ве остави рамнодушни.

Жанр: драма/историја / IMDB оценка: 8.3 / Rotten tomatoes рејтинг: 100%

Unbreakable Kimmy Schmidt – Серија на „Netflix“

Спасена по 15 години во култ, Кими Шмит решава да си го врати животот, заминувајќи во Њујорк, каде своето секојдневие го доживува со голема радост и ентузијазам. Нејзиниот цимер Тит – геј актер од Бродвеј, кој едвај врзува крај со крај како уличен изведувач на Тајмс Сквер. Тие си помагаат, со тоа што Тит ја запознава Кими со модерниот живот, а таа му влева инспирација дека човек никогаш не треба да се откажува.

Жанр: ситком / IMDB оценка: 7.6 / Rotten tomatoes рејтинг: 96%

Слични објави

Јелена Томашевиќ проговори за најголемиот срам кој го доживеала во кариерата

E.A.

Нема седатив за ваква љубовна болка: Марија Спасовска буди возбуда како алкохол во крвта со „100 промили“

Еспресо

Работам од 11 години, почнав со миење садови и продавање сладолед: Популарниот Талат од „Преспав“ се потсети на првите работни искуства

Еспресо

(Видео) Наташа Малинкова позираше со ќерката Султана: „Ние сме близначки“

К.С.

Зошто одеднаш стануваме алергични на работи што претходно не ни пречеле? Алерголозите објаснуваат што се случува во телото

К.С.

Петар Грашо за бракот со Хана Хуљиќ: „Имаме некој вид на душевен блутут“

Еспресо
Се вчитува....