19.8 C
Скопје
00:17 - 11 септември, 2026

МАКФЕСТ 2021 Пред настап разговор со Лара Иванова: Возбуда, емоција и нетрпение!

За првпат ја видовме на „Макфест“ во 2019 година, но вистински публиката ја забележа и слушна кога ја претстави песната „Некогаш ќе помине“. Продолжи со „Кој е сега крив“, а додека се подготвува за настапот на Макфест, Лара Иванова ни открива детали за новата песна, подготовката, емоциите, конкуренцијата…
приватна архива

Како се подготвуваш за Макфест? Има ли возбуда, емоција, нетрпение…

-Секогаш има возбуда, емоција и нетрпение кога се подготвувам за некој настап, посебно кога станува збор за настап на нашиот најреномиран фестивал Макфест.

Со која композиција ќе се претставиш на публиката? Каква е песната?

-Композицијата носи наслов „Душа”, и е прекрасна, емотивна балада со извонреден текст.

Какви се твоите очекувања и за настапот и за фестивалот?

-Немам посебни очекувања во однос на тоа дали композицијата ќе освои некаква награда, затоа што најголема награда за мене е песната да и’ се допадне на публиката и за мене тоа е најважно.

Како ќе изгледа твојот настап, сама на сцена или со некаква сценска точка?

-Не, нема да има сценска точка, но јас на сцената никогаш не сум сама, секогаш се тука моите емоции кои го надополнуваат мојот настап.

Кој ќе се погрижи за твојот изглед?

-Мојот изглед им го доверив на Викторија Бурсак и Даниел Николовски, а на сцената ќе настапам во прекрасна креација на нашиот познат дизајнер Занов.

Какво е чувството да учествуваш на најпрестижниот фестивал? Чувствуваш ли некој дополнителен притисок и одговорност?

Ова ќе биде мој трет настап на Макфест, а тоа зборува колку ми значат настапите на овој фестивал. Секако чувствувам одговорност, бидејќи јас мојата музичка кариера ја започнав токму на Макфест, а тоа значи дека секогаш давам се’ од себе да се претставам во најдобро светло и искрено да ја пренесам емоцијата, а публиката знае тоа да го награди.

Каква е конкуренцијата оваа година?

-Секоја година на фестивалот Макфест настапуваат многу реномирани изведувачи со квалитетни композиции, но и млади и надежни таленти, па очекувам и оваа година да биде така.
приватна архива

Слични објави

Каролина сподели емотивен момент во чест на Владо Јаневски: Цел стадион ја пееше „Црно тиквешко“

apostolova

Наташа Беквалац има ново момче – пејачката „паднала“ на шармот на белградски бизнисмен

Еспресо

Ова не го очеуквав: Македонскиот диџеј Песимал искрено за настапот на Дејвид Гета

apostolova

Харис Џиновиќ повторно за разводот со Мелина — „Мислеше дека има нешто подобро, најверојатно ѝ здосадив“

E.A.

(Фото) „Опстана“: Српскиот пејач Милан Станковиќ со емотивна објава на важен ден

Еспресо

Што значи големата тројка во астрологијата?

Еспресо
Се вчитува....