-2.2 C
Скопје
20:53 - 22 декември, 2024

Сега се разведуваат, но како се случи Џери Хол воопшто да се омажи со Руперт Мардок

Убавицата имаше преполн љубовен живот и неколку славни партнери пред официјално се сврши со еден од најбогатите претприемачи во светот, во јануари 2016 година. 

Во 1978 година, 21-годишниот Џери Хол, модел роден во Тексас и Парижанка по избор, беше на модна ревија во Париз, таканаречениот „Град на светлината“. Безличното опкружување на ревиите ѝ здодеа, или можеби Хол се надеваше на нешто подобро во модната кариера, па за „Вашингтон пост“ рече: „Понекогаш си помислувам: „Можеби вистинскиот човек – оној кој ќе ме оддалечи од сето ова лудило – е на крајот од модната писта“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by AC Journal (@acjournal)

Откако ги напушти предградијата на Далас на 16 години, Хол имаше афера со тројца многу познати „вистински мажи“: две рок ѕвезди и еден од најмоќните претприемачи во светот. Во 2016 таа се омажи за третиот на листата, Руперт Мардок, тогаш 84-годишниот извршен претседател на News Corporation. Веста за свршувачката се рашири на традиционален начин, во рубриката „Свадби“ на британскиот весник Тајмс, во сопственост на компанијата на Мардок.

Портпаролот на Мардок тогаш рече дека двојката „ги сакале месеците што ги поминале заедно, едвај чекаат да се венчаат и се возбудени за својата иднина“. За Мардок тоа беше трет брак. Од друга страна, Хол имаше долга врска со Мик Џегер: тие се венчаа во 1990 година на церемонија за која Џегер подоцна тврдеше дека е неважечка. Животот со член на Ролинг Стоунс и иднината со Мардок – човек со богатство од околу 11 милијарди долари – не е баш како што би замислила девојка израсната во сиромаштија. Во 1985 година, кога ги објави своите мемоари „Високи приказни“, Хол рече: „На 14 години бев премногу висока, многу слаба, рамна и со огромни стапала и никогаш немав момче“.

Како што рече Хол, растењето во големо семејство во Тексас во 1950-тите и 1960-тите било сè само не гламурозно. Нејзиниот татко – алкохоличар, возач на камион, човек со тежок темперамент – ја пашел. „Беше многу насилен“, рече таа во 2008 година: „носеше опасни хемикалии, земаше амфетамини и често знаеше да нè претепа нас петте девојки кога се врачаше дома“.

Од чистачка на штали до супермоделка

На единаесет години, Хол ја добила својата прва работа и почнала да чисти штали со коњи. Иако непривлечна, работата ја навела да го доживее првото сексуално искуство, кога со пријателка успеала да добие примерок од книгата „Се што некогаш сте сакале да знаете за сексот“:

„Читавме за оргазмот и за се друго и сфативме дека нешто ни недостасува. Сакавме да го направиме тоа, па побаравме од шампионот во родео да има секс со нас. Го направивме тоа во шталата додека врнеше. Беше брзо и не многу романтично, но мислам дека првиот пат е секогаш така“, своевремено раскажа Џери Хол.

На 16 години, на Хол ѝ било доста од Америка. Заминала за Париз со еден куфер. Таа наскоро започна кариера како модел, парадирајќи за „Ревлон и опиум“ на Ив Сен Лоран. Нејзиниот живот се промени кога беше побарано да позира како сирена за насловна страница:

„Ме собраа од аеродромот во Лондон со Daimler, а потоа го видов Брајан. Беше висок и убав, со собрана коса и носеше парфем од Флорис (познат лондонски бренд за парфеми, уред.)“. Брајан беше Брајан Фери, фронтмен на познатиот бенд Roxy Music. Хол остана со Фери две години и се појави на насловната страница на албумот „Siren“ на Roxy Music од 1975 година.Но, на Брајан не му се допаднал Тексас. „Како Брајан да полуде, сите бевме засрамени“, напиша Хол во својата книга. „Покрај тоа, мислам дека готвењето на мајка ми – вистинското домашно готвење – не му се допадна. Беше гадлив и пребирлив. Тој не е навистина пријателски расположен човек“. Според Фери, сепак – како што објасни еден од биографите на Рокси Мјузик – Хол била „зависничка од озборувања“.

Со Мик Џегер била истовремено додека била во врска со Брајан Фери

Следната голема љубов на Хол беше Мик Џегер. Хол почнала да излегува со Мик Џегер кога тој сè уште бил со Фери: „Неверојатно никогаш не бевме фатени на дело. Јас требаше да се омажам за Фери, но Мик беше толку убав и јас бев навистина луда по него. Бев толку непостојана. Се вратив кај Брајан, но кога имаш афера со некој за кој се грижиш, никогаш не е исто. Заврши прилично лошо. Многу ми се допаѓаа и двајцата. Се вели дека е невозможно да се сакаат двајца луѓе истовремено, но јас и двајцата ги сакав.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by rolawazni (@rollawazni)

Односот на Хол со Џегер отиде подалеку од класична врска. Тие останаа заедно повеќе од дваесет години и имаат четири деца, а се венчаа на Бали во 1990 година. Хол започна актерска кариера, појавувајќи се во Бетмен (1989) и на британската телевизија. За жал, нивната врска заврши во 1999 година, откако Џегер доби дете со друга жена. Нему му било одобрено поништување на бракот.

„Имаме исти пријатели, ни се допаѓаа исти луѓе“, изјави Хол подоцна за својата позната бивша врска. „Многу добро се согласувавме. Да не беше тоа што спиеше со многу други жени… беше ужасно. За останатите, сепак, беше совршено“.

„Џери Хол ќе се омажи за жаба“

Останувајќии сингл, Хол се сврте кон театарот, играјќи ја г-ѓа Робинсон во The Graduate во лондонскиот театарски округ Вест Енд, како и негувајќи го она што Индипендент го нарече „штала со пастуви“.

Хол рече: „Излегував со помлади мажи. Тие се многу смешни и ентузијасти. Имаат енергија! Но, мислам дека постарите мажи се подобри љубовници. Не сакам деца бидејќи веќе имам четири. А си имам и мои пари!“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Tabloid☆ (@tabloidmedia5)

Инаку, од разводот со Мик Џегер, Хол инкасирала повеќе од 40 милиони долари.

„Значи, тој мора да биде вистинската личност. Ми се допаѓа идејата да имам партнер“ – велеше постојано Хол по разводот со Џегер.

Можеби никогаш нема да дознаеме дали Мардок бил енергичен љубовник, со сите тие години што ги има, или само придружник на Хол. Но по средбата на Хол и Мардок не поминало многу време до свадбата. Многумина ја нарекоа најдегутантна свадба на деценијата, а имаше и бројни коментари од типот „Џери Хол ќе се омажи за жаба“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by N-Life (@ntvnlife)

Без оглед на нејзините вистински или наводни намери, односот на Хол кон бракот – или барем ставот што таа го имаше пред неколку децении – сугерира дека оваа заедница можеше да има шанса. Но така беше само на почетокот. Сега е повеќе од очигледно, дека бракот бил однапред предодреден на пропаст.

 

Слични објави

Славниот водител сподели тажни вести: „Никогаш нема да те заборавам, многу поминавме заедно“

Еспресо

(Фото) Сув луксуз: Петар Грашо вложил 160.000 евра во станот на планина

Еспресо

(Фото) Анастасија Ражнатовиќ без трошка шминка и во лежерно издание! По славата на мајка си веднаш се врати во Севиља

Еспресо

(Фото) Потресна објава на Милиќ Вукашиновиќ: По ампутацијата на ногата, умирам од болки, дома е хорор

Еспресо

(Фото) Тежок луксуз, облечена во десетици илјади евра: Џина Џиновиќ во Монте Карло рамо до рамо со најбогатите

Еспресо

Хороскоп за 22 декември: Бикот да го направи првиот потег, Скорпијата ја чека изненадување, а вие?

Еспресо
Се вчитува....