03:13 - 9 ноември, 2026

Се огласи претепаната актерка: „Сè е јасно – жената што ме нападна беше под дејство на алкохол“

Српската актерка Слобода Миќаловиќ вчеравечер, наводно, била нападната од 47-годишна жена на паркинг во белградската населба Земун и притоа била повредена, соопштија српските медиуми.

Актерката денеска за првпат се огласи на социјалните мрежи, каде објасни дека случајот е предаден на полицијата и дека веќе нема да дава изјави на оваа тема.

„Драги луѓе, ви благодарам на поддршката.

Случајот е предаден на полицијата. Сигурносните камери покажаа дека закочив на еден метар од коленото на дотичната личност. Вистината е дека таа мене ме нападна и дека беше под дејство на алкохол.

Сега му го предавам случајот на полицијата и веќе нема да се огласувам на оваа тема.

Ви благодарам на поддршката и разбирањето.

Ги замолувам медиумите совесно да си ја работата својата работа и да не шират невистини за да не бидам принудена да покренувам тужби.

Ви благодарам на сите и чувајте се“, напиша актерката во своето соопштение, објавено на социјалната мрежа Инстаграм.

Фото: Скриншот/Инстаграм

Да потсетиме, конфликтот се случил вчера во околу 19 часот, на плоштадот Караѓорѓев, додека актерката го паркирала своето возило. Според полицискиот извештај, 47-годишната жена ја обвинила Миќаловиќ дека ја удрила во пределот на коленото со нејзиниот автомобил, обвинение кое актерката го демантира.

По вербалната расправија, ситуацијата прераснала во физичка пресметка – жената почнала да ја влече актерката за коса и ја извлекла од автомобилот. И двете учеснички во расправијата побарале лекарска помош, а полицијата веднаш започнала истрага за околностите во кои се случил конфликтот, имајќи ги предвид изјавите на двете страни.

Слични објави

Измислија дека Ава Карабатиќ трагично загинала, а за лажна тревога хрватскиот закон пропишува казна затвор до три години

apostolova

(Фото) Дали знаете како денес изгледа раскошната Хурем Султан од „Сулејман Величествениот“? Поубава е од кога било!

Еспресо

(Фото) Жешката сабота на Маја Шупут! Му седи во скут на младиот дечко облечена во најпровокативен фустан

Еспресо

(Фото) Годините ништо не ѝ можат: Ана Ивановиќ наполни 39 години, а со една фотографија ги освои социјалните мрежи

apostolova

(Видео) Џина Џиновиќ објави снимка од кревет: Откри какви естетски корекции направила

apostolova

Нападната босанската пејачка Алдина Бајиќ: Покажа модринки и најави дека ќе го пријави случајот во полиција

Еспресо
Се вчитува....