7.8 C
Скопје
08:37 - 30 март, 2026

СЕ ОГЛАСИ БАБА МУ НА КОЈИЌ: Уште на свадбата знаев дека бракот нема да го биде!

Поранешниот познат пар Северина и Игор Којиќ неодамна официјално се разведоа по многуте шпекулации дека нивниот брак е во криза. Бабата на Игор прозборе за медиумите, откривајќи ги сите детали.

И баба Добрија се огласи за разводот на Севе и Игор, за хрватскиот портал „24 сата“. Таа има 84 години и прозборе како таа гледа на поранешната врска, и на актуелниот развод на славниот пар. Вели дека ја запознала пејачката кога ја организирале свадбата (со околу 600 гости).

Баба Добрија вели дека баш ѝ е гајле и дека таа не била прашана ни кога се зимале, ни кога се разведувале. Објаснува и дека на свадбата било убаво што се однесува до трошокот на семејството Којиќ.

-Веднаш кажав дека од тој брак нема да биде ништо, вели баба Добрија и додава – не ми се допадна однесувањето на Северина. Игор ја донесе да ме запознае, а таа само ми ја даде раката и веќе со мене не зборуваше.

Добрија нагласува дека нема добро мислење за Северина и не жали за разводот.

-Тој е млад, може да се ожени уште пет пати. Северина во мај наполни 50 години. Син ми Драган целото богатство го даде за свадбата во Белград, објаснува бабата на Игор.

Потоа, луто додава дека неа никој за ништо не ја информира, туку сè дознава од весници и од телевизија. Прчината за кавгата пак, ја гледа во тоа што, според неа, Северина сакала да го води целото домаќинство и дека сè сакала да прави и да биде по нејзино.

Слични објави

Хороскоп за 30 март: Овните прават важен чекор, Раковите конечно наоѓаат внатрешен мир

Еспресо

Сексуалност по 40-та: Како промените во телото да ги претворите во своја предност

Еспресо

Роберт де Ниро на протестот против Трамп: „Време е да му кажеме не, мора да биде запрен“

Еспресо

Венера во Бик: Почнува најромантичниот период од пролетта

Еспресо

Аца Лукас уапсен на аеродром во Шведска, му бил забранет влез во земјата

Еспресо

Дарко Лазиќ настапи по смртта на брат му – Дел од јавноста го осуди, семејството застана во негова одбрана

apostolova
Се вчитува....