15:54 - 7 ноември, 2026

Саша Матиќ 16 години е во брак со сопругата, но поради оваа причина веднаш би ја НАПУШТИЛ

Познатиот пејач ужива во бракот со својата сопруга Анџела, а смеата и добрата атмосфера се постојано во нивната врска. Сепак пејачот призна дека доколку недостига среќата и смеата во нивниот брак,  веднаш би ја оставил сопругата и би си заминал.

„Сопругата и ќерката се навикнати да ме нема дома поради работата, но потполно ме поддржуваат и разбираат. Кога сум дома се трудам да поминам квалитено време со семејството и потполно да им се посветам. Често ме прашуваат дали сум строг или попустлив татко, а јас им одговарам ниту едното ниту другото, бидејќи никогаш не сум дома“, вели Саша и додава која е тајната на неговиот брак.

„Нема тука тајни. Љубов, разбирање и поддршка, а кај мене сето тоа постои. Ако ме прашувате дали можам да се извинувам поради тоа што не сум дома, искрено да ви кажам, не се извинувам ни самиот на себе. Кога сум дома мора да е добра атмосфера, да се согласуваме, смееме и уживаме, а ако не е тоа така, веднаш ќе си отидам. Знам дека можеби тоа е себично, но тоа е вистината. Тоа важи исто и за бракот, доколку некогаш беше лоша атмосферата помеѓу мене и мојата сопруга, ќе си заминев“, открива Саша.

Слични објави

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо

Утре се празнува Митровден — обичаите и верувањата што Македонците ги негуваат со векови

К.С.

(Фото) Сè е уредено со многу стил – ѕирнете во луксузниот дом на Нина Бадриќ

Еспресо

„Малку сум љубоморен“: Дарко Лазиќ ѝ го покриваше деколтето на сопругата, па ја изненади со изјава за нови деца

К.С.

(Фото) Драган Бјелогрлиќ ужива во скопската боемска атмосфера — во друштво на Петре Арсовски и Дејан Дуковски

К.С.

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.
Се вчитува....