13:22 - 2 април, 2026

Санса од „Игра на тронови“ за првпат јавно зборува за своето нарушување

Актерката Софи Тарнер која во хит-серијата ја глуми Санса Старк, признала дека во последните шест години се бори со сериозно здравствено нарушување.

Сè започнало по првите неколку сезони од серијата, кога добивала критики дека е дебела и дека лошо глуми. Најмногу ѝ помогнал нејзиниот дечко, музичарот Џо Џонас, кој ѝ велел дека треба да се засака себе онаква каква што е.

Постојано била депресивна и имала искривена слика за тоа како изгледа. Постојано плачела, а дури и имала суицидни мисли. Софи признава дека сè уште ги има, но многу поретко од порано. Нејзина најголема поддршка меѓу колегите била Мејси Вилијамс, која ја глуми Арја.

„Мислам дека никој не смее да се срами од депресијата“, смета Софи.

Слични објави

(Фото) Тиркизен костим во спа-центар – Елена Велевска ја нарекоа „голема бомба“

Еспресо

Карлеуша жестоко удри по колегите што го поддржуваат Јаков Јозиновиќ: „Какви бедници, трчаат да му се додворуваат на безимен пејач“

К.С.

(Фото) Ленче Кукиќ и Виолета Томовска со емотивна слика од која зрачи љубов

Еспресо

Јаков Јозиновиќ го прекина концертот во Белград, во публиката молк

Еспресо

(Видео) Емотивна семејна приказна – Огнен Здравковски откри по што жали

Еспресо

Весна Џогани со денови плачела во дом за деца без родители – ова е нејзината најболна исповед досега

E.A.
Се вчитува....