7.8 C
Скопје
00:56 - 21 април, 2026

Сандра Африка ѝ е несудена снаа на Викторија Бекам: „Бевме со Бруклин во хотел во Дубаи“

Пејачката Сандра Африка пред извесно време ја изненади јавноста со тврдењето дека Бруклин Бекам, синот на фудбалската легенда Дејвид Бекам, се обидел да ја освои за време на нејзиниот престој во Дубаи.

Во екот на актуелната семејна драма кај Бекамови и шпекулациите за односите меѓу сопругата на Бруклин, Никола Пелц, и неговата мајка Викторија Бекам, Сандра на духовит начин се наврати на, како што вели, својата „пропуштена шанса“.

– Не знам дали се сеќавате на мојата приказна за синот на Дејвид Бекам, овој младиов што сега е насекаде по медиумите. Се сретнавме во еден хотел во Дубаи. На појадок ме гледаше, ми намигнуваше и ми се насмевнуваше, а јас го игнорирав – раскажа Африка.

Пејачката потоа низ смеа објасни кои, според неа, се добрите и лошите страни од тоа што тогаш го одбила Бруклин.

– Сега ќе ви кажам која е добрата, а која лошата страна. Добрата страна е што гледам како Викторија ја понижува снаата. Тоа е болно и страшно. Замислете да ми беше свекрва Викторија – ужас! Опсесивна мајка, свекрва од пеколот. Сигурно ќе се фатевме за гуша – рече Сандра со доза сарказам.

Сепак, признава дека има и еден момент поради кој малку ѝ е жал што не завршила во славното семејство.

– Лошата страна е што мајката играла „валкан танц“ на свадбата. Е, тоа ми е криво! Како само јас и Викторија ќе игравме валкан танц на свадбата! Да знаев дека вака ќе биде… – додаде таа, па низ смеа испрати поздрави до „мувачот Бруклин“, како и до неговите родители.

Слични објави

(Фото) Ана Ивановиќ позираше без шминка и босонога и покажа каков педикир избира оваа пролет

Еспресо

(Видео) Маја Шупут за првпат проговори за загубата на својот татко: „Две години по неговата смрт не можев да одам на гробишта“

Еспресо

„Девојка ми ја раскрвави главата“: Бресквица доживеала непријатна ситуација на настап

Еспресо

Харис Џиновиќ ја „избриша“ ќерката Џина: Откако присуствуваше на свадбата на Мелина со милионерот, пејачот изненади со изјавата

Еспресо

(Фото) Прослава во семејството на Ѓани! Неговиот внук наполни четири години

Еспресо

(Фото) Ана Бекута во Македонија со посебен повод, Марјана Станојковска ги откри деталите

Еспресо
Се вчитува....