15:39 - 9 ноември, 2026

„Ти си маестро, маестро мој“: Игор Џамбазов со емотивна објава за татко му Александар на четиригодишината од неговата смрт

На денешен ден се навршуваат четири години од смртта на големиот македонски композитор и диригент Александар Џамбазов.

По тој повод, неговиот син Игор Џамбазов, се огласи со емотивна објава на Инстаграм, во која сподели фотографија од својот татко и текст од неговата книга „Облечен човек“.

Објавата ја пренесуваме во целост:

„Денес се навршуваат четири години од заминувањето на мојот татко Александар.
Ова е дел од приказната за него во мојата книга Облечен човек.

Од пред некое време, наутро, кога ќе застанам пред огледалото, како да го гледам него. Особено кога имам на себе неколкудневна брада, јас и изгледам исто како него. И тоа е можно.

До својата 50-та година личев на примероците од ‘велешката сорта’, а оттогаш па наваму, со невидена брзина станувам примерок на ‘штипската крв’.

Татко ми Џамбаз е човек што вреди да го имаш за татко. Единствен примерок.

Татко ми Џамбаз целиот свој живот се жали дека никогаш не бил свој. Секогаш бил во нечија сенка. Се разбира дека тоа не е така.
‘Прво бев сопруг на Анче, па зет на Петре Прличко, а сега сум татко на Игор. А јас? Па што сум тогаш јас?’

Ти си маестро, маестро мој.“

Слични објави

Војаж се сврши со девојката – дијамантски прстен блесна на раката на неговата избраничка, која му роди дете

Еспресо

(Фото) Тажен ден во семејството на Мерима Његомир: Ќерката на покојната пејачка се огласи со трогателни зборови

Еспресо

„За Милица“ – Наум Петрески ја препозна вистинската македонска емоција во песната за љубовта што никогаш не се остварила

Т.Ц.

(Видео) „Уште едно нормално саботно попладне“: Сара Мејс покажа како изгледа семејната атмосфера во нивниот дом

К.С.

„Ме нарекуваа селанче и ми се потсмеваа поради фолклорот“: Мирка Васиљевиќ проговори за непријатните искуства од детството

К.С.

Старинска штрудла со кисела зелка и сланина — крцкаво есенско задоволство што мириса на домашна кујна

К.С.
Се вчитува....