2.8 C
Скопје
16:44 - 20 декември, 2024

(РАЗГОВОР+ВИДЕО) КОЈА Е ЛИДЕ НА ВЕНКО ВО ПРИВАТНИОТ ЖИВОТ? „Не ме ограничувај!“ ѝ е мото, има одлична смисла за хумор и денес промовира нова песна и спот!

Македонската јавност Лиде Лиде ја запозна по коментарите на речиси секоја објава на министерот за здравство Венко Филипче.

Девојката која се прослави на социјалните мрежи со почетокот на пандемијата на коронавирусот во нашата земја позната како Лиде на Венко има нова песна и видео спот. Овојпат текстот на песната не е посветен на министерот за здравство Венко Филипче, туку на некои други момци.

Лиде на Венко, Лиде Лиде, Ретро Лиде или едноставно Лидија Гиновска е една од ретките личности во нашата земја која успеа да нè насмее и кога не ни беше до смеење.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)

Го прележа коронавирусот, се вакцинираше, сè уште ја чека поканата од министерот Филипче за кафе, работи како обезбедување и ужива во креирањето на пародии и хумор со една и единствена цел, да разубави нечиј ден.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)

Во втората песна која му ја посвети на министерот Венко Филипче откриваш дека пиеш макијато. Колку кафиња пиеш на ден?

– Пијам 6 кафиња на ден, се трудам да го стигнам министерот бидејќи тој пие 7 кафиња дневно.

Јавноста те запозна како „Лиде на Венко“, девојката која повеќе пати го покани министерот за здравство на кафе, но која e Лидe или Лидија Гиновска во приватниот живот?

– Лиде во приватен живот е обично необична девојка со свои ставови и мислења, во живо сум позабавна, секако зависно и од спротивната страна и инспирациите како ми доаѓаат, но знам да бидам и претерано сериозна. „Не ме ограничувај“ – ми е како мото. Своја сум си, знам да бидам брза и бесна, нетрпелива, живеам по свое колку и да ме ограничуваат некогаш.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)


Во март благодарение на дојава од страна на твоја пријателка се случи долгоочекувана средба со министерот Филипче, но кафето го одложивте за во друга прилика или како што кажа министерот по пандемијата. Пандемијата сè уште трае, но дали и желбата за кафе од твоја страна остана?

– Желбата за кафе не прекинува, иако на моменти изгледа дека е прекината.

Во едно интервју имаш изјавено дека си работела како обезбедување. Како се гледа на таа професија во нашата земја кога ја работи жена и со што се занимаваш моментално?

– Моментално повторно работам како обезбедување бидејќи каде и да аплицираш не те викаат на разговор, дали поради пандемијата или нешто друго, не се знае. Јас конкретно на мојата професија гледам со љубов (се смее, н.з). Во нашево заостанато општество на жената се гледа со понижување така и во оваа професија, за жал. Меѓутоа јас не дозволувам да ме понижуваат како жена можеби дека ставот ми е цврст и приземен, а воедно и сум многу креативна (се смее, н.з).

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)


Дали би му била лично обезбедување на министерот?

– Секако, само нека каже.

Поголемиот дел од коментарите беа позитивни, но имаше и многу кои беа негативни особено поради тоа што министерот е во брак. Како се справуваш со негативните коментари?

– Министерот е јавна личност, кога они си дозволија јавно да го навредуваат и да го нарекуваат со секакви зборови одеднаш се загрижија за него дека го канам јавно на кафе! Нека се погледнат самите колку се пречисти и секако безгрешни. Народов просто живее за да навредува и да си вади фрустрации јавно. Очигледно заборавиле што значи некој да се шегува и да биде позитивен. Дел од тие што зборат лошо искрено се смееја на моите коментари, но тоа е што е, бидејќи живееме меѓу љубоморни и злобни ликови.

Фото: Принтскрин / Youtube

Постојано си активна на социјалните мрежи, но покрај очекуваното кафе и темите поврзани со министерот за здравство, твоите фанови ги привлекуваат забавните фото – пародии кои ги правиш со познати личности. Позитивни коментари има многу, но дали некоја од јавните личности ти замерила или ти побарала да ја избришеш фотографијата?

– Да имаше две замерки и тргнати се поради тоа што не ја разбираат поентата.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)


Доколку министерот за здравство не го исполни ветувањето, кој би сакала да ве покани  на кафе од нашите јавни личности?

– Некој што личи на Венко.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Lide Lide (@lide_na_venko)

– Две песни се посветени на министерот, но тука не застануваш. На кого е посветена твојата нова песна?

Новата песна е посветена на некои раководители и шефови кои се дел од минатото во некои фирми… инспирации имам и од негативните случувања кои се многу на број. Секако такви шефови ги има многу во нашава држава. Воедно, да ги потсетам читателите да го проследуваат и описот под моите видеата, а не само насловот бидејќи се работи за пародија во повеќе случаи.

Фото: Принтскрин / Youtube

Минататa година направи и забавна емисија на твојот Јутјуб канал со наслов „На кафе со Лиде“. Кои сè од јавните личности ти гостуваа и зошто проектот не продолжи?

– Проектот не продолжи бидејќи поднебјево сака само класика, а исто така и спонзори беа потребни. Гостуваа инфлуенсерот Бомбакис, Фросина Фро, водителот Марко Новески , Мартин Трпчевски попознат како Мартин 99 и актерот Бојан Велевски.


Креираше и свој бренд кој стана достапен за твоите фанови преку маици, шолји за кафе, заштитни маски и други додатоци на кои беа испишани забавни пораки. Кои се твоите следни планови на ова поле?

– Направив премногу ама луѓево се чудни, a идните планови зависат и од спонзори, од мене како единка толку најверојатно. Уште книга да напишам.

Го прележав коронавирусот и се вакцинираше. Кои симптоми ги имаше, како се лекуваше и со која вакцина се одлучи да се вакцинирате?

– Симптомите беа температура, губење мирис, губење вкус ама вкусот за Венко и кафето остана. И малку кашлав. Ми препишаа сумамед и витамини. Добро поминав, се вакцинирав со тие сè за 99 кинеските вакцини (се смее, н.з). Едноставно немав можност да бирам.

(ФОТО) ЛИДЕ НА ВЕНКО ИМА НОВА СИМПАТИЈА: Познат инфлуенсер кој ја инспирира

Слични објави

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо

(Фото) Голема прослава во домот на Сања Маринковиќ! Огномет го осветли небото, еве кој е поводот

Еспресо

„Се чувствував како несакано дете“: Наташа Беквалац проговори за нејзиниот татко, сакал син, но добил три ќерки

Еспресо

(Видео) Прескап подарок: Ана Николиќ се смири со дечкото и доби скапоцени подароци!

Еспресо

Анџелина Џоли не му дозволува на Бред Пит да се ожени младата Инес

Еспресо
Се вчитува....