3.8 C
Скопје
20:40 - 20 декември, 2024

Познатата водителка ја „тресе“ нов скандал – Елен Деџенерес им делела откази на оние што заминувале на боледување

Новите детали поврзани со серијата обвинувања на сметка на Елен од нејзините некогашни вработени, ги згрозија нејзините верни обожаватели, следбеници и поддржувачи.

Познатата водителка Елен Деџенерес (62) повторно  е мета на вербални напади. Голем број нејзини обожаватели престанале да ја следат на социјалните мрежи, тврдејќи дека во последно време славната водителка постојано ги разочарува со своето вообразено однесување и немање, како што велат, ни најмалку грижа на совест поради тоа што постојано ги повредува луѓето околу себе.

Постојано се жали

Нетрпението помеѓу Елен и дел од нејзините  фанови кои тврдат дека претходно ја обожавале, се засили во време на светски прогласената пандемија, кога речиси сите беа принудени да седат во карантин. Во тој период, Елен не пропуштила можност да каже колку ѝ е здодевно и дека ѝ се ограничени правата додека уживала во својата луксузна вила. Ваквите објави ги навредиле обожавателите, кои исто така мора да седат затворени, но се разбира во далеку полоши услови од нејзините.

Втората постапка за која исто така ѝ замериле е во времето кога Елен го искажуваше својот став против полициската бруталност. Во таа пригода, фановите повторно ја обвинија за лицемерие, потсетувајќи ја на пријателството со поранешниот американски претседател Буш.

инстаграм

Лош однос кон вработените

Сепак, и покрај ваквите недоразбирања помеѓу Елен и нејзината публика, обожавателите најмногу ѝ замерија поради нејзиниот исклучително лош однос со своите вработени.

Во последните неколку месеци, нејзините колеги но и некогашни вработени, почнаа во јавност да изнесуваат серија објавувања, раскажувајќи ги своите искуства поврзани со познатата водителка.  Доколку може да им се верува на ваквите тврдења, на Елен воопшто не ѝ е грижа за моменталната здравствена или финансиска состојба во која се наоѓа вработениот пред да му врачи отказ.

инстаграм

– Лошите случувања со Елен се „одигруваат“ само тогаш кога камерите ќе се исклучат. Додека траат емисиите, таа сака на јавноста да ѝ се прикаже во сосема поразлично издание.  Кога емисиите се снимаат, таа е топла и срдечна личност, но подоцна Елен е навистина ужасна – кажал еден од нејзините вработени, кој сакал да остане анонимен, бидејќи се плашел да не го изгуби работното место.

Тој, исто така, истакнал дека делењето откази од нејзина страна е секојдневие.

– Постојано ги малтретира вработените и не пропушта можност да подели некој отказ, а најмногу на оние што бараат да одат на боледување – истакнал тој.

Инаку, Елен Деџенерес важи за една од побогатите водителки, кои имаат свое телевизиско шоу. Нејзиното богатство се проценува на 360 милиони долари.

Слични објави

(Фото) Деколтето во преден план: Данијела Димитровска „пука“ од сексапил во целосно бела комбинација

Еспресо

(Фото) Чантата на Јелена Томашевиќ вреди колку зимување на Копаоник: Сите зборуваат за ова модно парче

Еспресо

(Фото) Поранешниот сопруг на Драгана Мирковиќ ужива за сите пари: Чаша бело вино и нереална глетка на убава дестинација

Еспресо

По раскинувањето со Зоран Марјановиќ, Инди откри валкани детали за поранешниот: „Манипулатор кој ми го испра мозокот“

Еспресо

Оваа земја ќе биде засекогаш исфрлена од Евровизија? Има една причина

Еспресо

Разоткриен просекот на оценките на Јована Јеремиќ од факултет: Сакам да ги нервирам квазиинтелектуалците

Еспресо
Се вчитува....