03:28 - 8 ноември, 2026

Познатата белгиска дизајнерка позираше во костим за капење: Има 74 години!

Instagram

Познатата модна дизајнерка Дајан Вон Фурстенберг е доказ дека годините се само бројка. Овие денови сподели фотографија во костим за капење и без грам шминка.

Светски познатата белгиска дизајнерка, која го прослави својот 74 роденден на новогодишната ноќ, реши да им покаже на своите бројни обожаватели на „Инстаграм“ дека едноставноста е најдобриот моден додаток.

„Дали сум луда што објавувам ваква фотографија?“, напиша дизајнерката, велејќи им на сите гордо да ги носат своите години, бидејќи тие се доказ дека сме живееле. „Љубов за сите“, дополни таа.

Instagram
Instagram

Покрај маслинесто зелениот костим за капење, во кој изгледа совршено за нејзините години, Дајан позираше без грам шминка, а нејзиниот потег го поздравија многу познати дами, вклучувајќи ја и 62-годишната американска актерка Енди Мекдауел и мајката на кланот Кардашијан, Крис Џенер.

Instagram
Instagram

За време на нејзината импресивна кариера како моден дизјанер, Фон Фурстенберг постојано ги охрабруваше жените.

„Сакам што сум жена… но сакав да водам машки живот во женско тело. Со таков живот почнав многу рано и посакувам сите жени да го искусат тоа“, еднаш изјави таа.

Instagram
Instagram

74-годишната дизајнерка, чиј заштитен знак станаа култните фустани на преклоп, се придружи на својата 71-годишна колешка Вера Ванг со храбра фотографија во костим за капење, која минатата година подеднакво ја воодушеви јавноста.

Преземено од Слободен Печат.

Слични објави

„Јадев остатоци од туѓи сендвичи, од стрес ми опадна косата“: Бојан Маровиќ за пеколот на почетокот на кариерата

Т.Ц.

„Веднаш знаев дека ќе се омажам за него“: Александра Пријовиќ откри каде се случил првиот бакнеж со Филип Живојиновиќ

Еспресо

Ава Карабатиќ ја демантираше веста за нејзината смрт што се прошири на социјалните мрежи: „Никогаш не би кренала рака на себе“

Т.Ц.

Како феникс се издигна над животните предизвици: Цеце Николова ја пронајде среќата во љубовта со Јане

Еспресо

Здравко Чолиќ дал половина милион евра за стан на Истра, па наишол на проблем – три години не може да се всели

apostolova

(Видео) Сопругот на концертот на Гоца Тржан се соблече во Сава Центар: Го покажа своето мускулесто тело, публиката го награди со аплауз! 

Еспресо
Се вчитува....