05:05 - 19 август, 2026

ПОТРЕСНА ИСПОВЕСТ НА ТАЈЧИ: „Ме силуваа пред да станам позната, се обвинував себеси“

Една од поп иконите на 90-тите години, Татјана Матејаш, позната како Тајчи, во интервјутот за хрватската емисија „Дана Де“ ја отворила душата за својот живот, кариерата, смртта на сопругот и на таткото, но признала и дека била силувана кога била тинејџерка.

Таа сега е мотивациска говорничка, а заинтересираните кои сакаат да слушнат што има да каже ги прима на нејзината јахта.

За ваква професија се одлучила откако научила да се избори со сите тешки предизвици со кои се среќавала во животот.

Како што самата рекла, поминала далечен пат од моментот кога се мразела себеси до враќањето на вистинската Тајчи која секогаш ја носела во длабочината на својата душа.

Instagram

„Бев тинејџерка, пред да станам славна, бев силувана, а верував дека тоа е моја вина. Поради тоа никогаш не сакав да зборувам за тоа. Мора да создадеме средина во која жената или мажот нема да веруваат дека тие се виновни поради она што им се случило“, изјавила Татјана.

Самата признава дека и било потребно многу психотерапија, труд и работа на себе за да може мирно да разговара за тоа.

Признала и дека смртта на татко и ја скршила, но и дека очајнички се борела да го одржи својот брак во моментите кога знаела дека сопругот и умира.

„Смртта на татко ми многу ме погоди, тогаш почна да ми се развива сериозна депресија. Кога тато умре, во целост се скршив. Долго се лекував, шест, седум години“, признава Тајчи.

Открила и дека за време на болеста на сопругот цело време верувала во чудо, но раскажала и дека тешко ги поднела моментите во кои знаела дека ќе умре. Според нејзините зборови, некое време биле и разделени, а сите тие животни ситуации ја направиле силна жена каква што е и денес.

Слични објави

Момчето кое Карлеуша јавно го пофали ѝ упати јавна порака: „Моја лавице, те сакам“

E.A.

Ќе седи рамо до рамо со Карлеуша: Дара Бубамара ги напушта „Ѕвездите на Гранд“, уловена во Пинк ТВ

Еспресо

(Видео) Лазар Ристовски разменува нежности со Аница во базен – заљубениот пар ужива на одмор во Грција

Еспресо

Живеела во беда, одела на училиште со чевлите на татко ѝ, децата ѝ се потсмевале, а денес е главна ѕвезда на црвениот килим во Сараево – која е Разија Чолаковиќ?

Еспресо

Пејачка ограбена во манастир, останала без пари и документи, ги открила деталите од кражбата

Еспресо

Ханка Пладум на 70 години како манекенка, на црвениот килим со елегантната креација порача „стоп за војната“

Еспресо
Се вчитува....