18.8 C
Скопје
10:18 - 30 април, 2024

„Потребна е мудрост за да се знае кога е доста“: Зошто на Ким Катрал ѝ е доста од „Сексот и градот“?

Беше омилена во „Сексот и градот“ како Саманта Џонс, но знаете ли што прави денес, 65 годишната Ким Катрал и зошто нема да ја гледаме во рестартирањето на суперпопуларната серија „Сексот и градот“? 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kim Cattrall (@kimcattrall)

За сите љубители на „Сексот и градот“, Ким Катрал е вистинска дива. Неприкосновената ѕвезда на филмот и на многу популарната ТВ серија, канадската актерка ужива навистина импресивен успех.

Беше точно 1997 година кога Ким Катрал за прв пат ја играше улогата на Саманта Џонс во многу успешната ТВ серија „Сексот и градот“. Успешната актерка во многу претстави и филмови, по оваа серија уште повеќе ја зафати бранот на успехот. Денес, кога нејзиното збогување со „Сексот и градот“ е потврдено и нема ништо што може да ја врати во новата сезона на серијата, многумина се прашуваат што е со Катрал, зошто ја одби улогата?

Во 1997 година Ким Катрал за прв пат ја играше улогата на Саманта Џонс во многу успешната ТВ серија „Сексот и градот“. Фото – јутјуб

Но, Ким е навистина многу променета од онаа која ја познававме во минатото. 65 годишната глумица успеа да го сочува младиот дух, а изгледот ѝ е како на девојка.

За прв пат по рестартирањето на „Сексот и градот“, Ким Катрал проговори зашто не сака да глуми веќе во оваа серија, сега насловена како „And Just Like That“.

Во интервјуто за „Variety“ објавено во средата, 4 мај, Ким Катрал беше прашана дали ќе се врати во улогата на Саманта Џонс. А нејзиниот одговор беше дефинитивно јасен:

„Апсолутно не. Никогаш не ми беше ни побарано да бидам дел од And Just Like That, јас веќе ги разјаснив моите чувства за можниот трет филм, а за филмот дознав како што открија сите други: на социјалните мрежи“ – искрена е глумицата.

На самиот лик пак, Саманта, кој го глумеше, денес вака се сеќава.

„Таа беше борец која е успешна на работа, сака забави и шопинг, поборник е за женската независност и уверена дека жените можат да имаат секс како мажите. На почетокот се сомневав, а потоа ја засакав (Саманта) и се чувствував заштитнички настроена кон неа. Делови од неа се уште се со мене“ – вели Ким.

Севкупно, таа беше дел од 94 епизоди, потоа од првиот филм во 2008 година и вториот две години подоцна. Во тој момент Ким Катрал кажа доволно гласно и јавно:

„Во мене чувствував дека ја завршив мојата работа. Кога заврши серијата, мислев дека тоа е најпаметно – да не се повторуваме. Но, потоа дојде филмот, за да се стави крај на отворените прашања. Потоа уште еден филм. И тоа е доволно. Потребна е многу мудрост за да се знае кога е доволно“, рече Ким Катрал, извлекувајќи се од проектот еднаш засекогаш.

Слични објави

(Видео) Убиена мисица среде ресторан: Вознемирувачко видео од стравичниот настан, причините се застрашувачки

еспресо

Велики вторник: Што (не)треба да правите на овој ден

еспресо

Имаат ангелска душа: Три хороскопски знаци кои простуваат колку и да се повредени

еспресо

Астропрогноза за вторник, 30 април: Подарок од универзумот за Лавовите, важен ден за Овните

еспресо

Велигденско јајце-чувар на домот: Што да направиме со стариот чувар на куќата кога вапсаме ново „прво јајце“

еспресо

„Жена од султана“ побегна од својот роденден: Пејачката донела неочекувана одлука и веднаш морала да реагира

Еспресо
Се вчитува....