9.8 C
Скопје
03:49 - 4 април, 2026

ПОРАНЕШНАТА ПОРТПАРОЛКА НА ТРАМП ПРОЗБОРЕ: Што видела во Белата куќа на Трамп?

Поранешната портпаролка на Трамп, Стефани Гришам била исклучително блиска со Доналд и Меланија Трамп. На 5 октомври, Стефани ќе ја објави својата книга наречена „I’ll Take Your Questions Now: What I Saw in The Trump White House“ – „Сега ќе ви ги одговорам прашањата: Што видов во Белата куќа на Трамп“. Во книгата, таа ќе зборува за се она за кое молчела изминатите неколку години, пишува „Гардијан“.

трамп
Фото: EPA-EFE/AL DRAGO / POOL

Стефани се приклучи на нивната претседателска кампања во 2015 година. Многумина ја критикуваа затоа што таа никогаш не одржа прес -конференција и затоа што молчеше цело време за време на мандатот на Трамп.

„Таа знае каде се закопани сите тела, нека ги закопа лично, а има и лопата. Стефани знае тајни за Трамп кои ниту Меланија не ги знае, тајни што тој не сака таа да ги знае. Ќе бидат во ова книга“, изјавиле извори блиски до Гришам.

Stephanie Grisham
Фото: EPA-EFE/Chris Kleponis /

Изворите тврдат дека Стефани ја напишала книгата на компјутер без Интернет користејќи кодни имиња, за да не се открие што пишува. Семејството Трамп се обиделе да дојдат до книгата, но неуспешно.

трамп
Фото: EPA-EFE/Stefani Reynolds

„Постои очигледна намера зад оваа книга. Тоа е обид за откуп по лошата работа како секретар за медиуми, неуспешните лични односи и непрофесионалното однесување во Белата куќа. Со невистина и предавство се обидува да добие важност и пари на сметка на г-ѓа Трамп“, соопштија од кабинетот на поранешната прва дама.

Слични објави

(Фото) Сања Вучиќ го покажа своето момче, нивната голема љубов е очигледна

Еспресо

(Фото) Го покажа трудничкиот стомак во чипкан градник и гаќички – Едита заводливо позира во 6-иот месец од бременоста

Еспресо

„Двоен празник, добро во лошо“: Ела Дворник откри необичен договор за децата по разводот со Чарлс

Еспресо

Карлеуша повторно фатена во лага – Композиторот Мили ги демантираше нејзините тврдења за хитот „Вретено“

E.A.

(Видео) Татјана Стојановска сподели ретка лична приказна, ова се случува по шест наутро

Еспресо

Едвај има место да се свртиш – вака изгледа кујната во вилата на Цеца Ражнатовиќ

E.A.
Се вчитува....