00:11 - 19 декември, 2025

Почнува гласањето за најголемата музичка манифестација во регионот – MAC: Лозано, Антониа Гиговска, ДНК и уште неколку други во номинираните!

Од домашните меѓу номинираните се: ДНК, 2 Бона, Лина Пејовска, Антонија Гиговска, Александра Јанева, Влатко Лозановски, Боби Павловски, Дани, Калиопи, Сара Мејс…

Гласањето за MAC почна! На страницата www.musicawardsceremony.com објавени се нумерите кои за MAC признанијата ги номинираа радиостаниците од регионот, а на вам е со своите гласови на најдобрите нумери да им обезбедите победа на манифестацијата Music Awards Ceremony на 27 јануари во Штарк Арената во Белград.

Радиостаниците од Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Северна Македонија, Црна Гора и Словенија учествуваа во номинирањето на нумерите за доделувањето на MAC признанијата. Водејќи со по своите параметри на слушаност и популарност на нумерите и изведувачите, радиостаниците номинираа песни и автори чии дела се најомилени и најпопуларни меѓу слушателите.

Повеќе од 600 номинации се распоредени во 17 категории, и публиката од регионот како и од целиот свет, има можност онлајн да гласа за своите фаворити, а онлајн гласањето е бесплатно.

Главната особеност на MAC е тоа што спојува навидум неспоиви музички жанрови, па така и годинава на листите за номинирање се наоѓаат како поп и рок, така и нумери од народна музика, треп, хип-хоп, а MAC признанијата ќе бидат доделени во секоја категорија. За време на гласањето на првиот MAC пристигнаа повеќе од милион гласови не само од земјите-учеснички, туку и од други континенти, а дел од приходите од СМС гласовите и влезниците организаторите ги донираа во УНИЦЕФ.

И годинава MAC ќе има хуманитарен аспект, затоа што организаторите Скајмјузик и ЦЕБЕФ дел од својот приход од влезниците издвојуваат во хуманитарни цели. Влезниците може да се набават на страницата www.tickets.rs .

MAC 2020 ќе биде, според најавите на организаторот, уште поспектакуларен од претходниот. Овој пат во настапите и номинациите се вклучени и словенечки изведувачи и познати личности кои ќе прошетаат по прочуениот MAC килим, односно црвениот килим на кој во гламурозни изданија минатиот пат се прикажаа повеќе од 200 познати личности од регионот.

Свеченото доделување на  MAC во 2020 ќе трае околу 3 часа, само за оваа прилика специјално осмислени настапи ќе имаа најголемите регионални музички ѕвезди, а церемонијата ќе ја пренесуваат најгледаните телевизии во сите земји учеснички.

Слични објави

(Фото) Посебен ден и јубилеј: Голема прослава во домот на Вики Миљковиќ

E.A.

(Фото) И таа дои бебе: Лејди Гага целосно ја ископира Јелена Карлеуша!

Еспресо

(Видео) Илда Шаулиќ направи голема промена која ја изненади публиката

E.A.

Дечкото на Сања Маринковиќ ја пронашол крвава во бањата: Водителката раскажа потресни детали, интервенирала и брзата помош

E.A.

Случајна минувачка шокирана од однесувањето на Верица Ракочевиќ, се огласи и модната креаторка: „Веројатно мислеше дека сум полудела“

E.A.

Десингерица завршил со работите на улица, сопругата го избркала од дома

Еспресо
Се вчитува....