03:40 - 29 ноември, 2026

Почна снимањето на филмот за Саша Поповиќ: „Сигурна сум дека е горд таму горе“

Пејачката Снежана Ѓуришиќ се присети на своите музички почетоци и откри детали за филмот што се снима за покојниот естраден крал Саша Поповиќ.

„Моите почетоци беа поврзани со народниот оркестар. Имам посебен однос кон таа приказна, и секогаш кога ќе се приближам до зградата на Радио Белград, чувството е посебно. Не можам да кажам дека сме блиски пријатели, но тоа е долга соработка. Станува збор за изворни песни што се пеат на специфичен начин – тоа е она што најмногу го сакам“, искрено раскажа Снежана.

На свеченото доделување на наградите на Сојузот на естрадно-музички уметници на Србија (СЕМУС) се собраа бројни уметници од домашната сцена, а Ѓуришиќ додаде: „Фала му на Бога што старите песни повторно оживуваат. Постојат песни што му прилегаат на одредено животно доба, а ние сега имаме години во кои не ни прилега да пееме сè. На пример, мојата песна „Пуче јелек, пуче брука“ беше одлична и сè уште е таква, но веќе не е за мене“.

Снежана откри и каква атмосфера владее на снимањето на „Ѕвездите на Гранд“.

„Снимањето оди одлично, само ми е жал што има многу добри кандидати, а бројот мора да се намалува, па некои испаѓаат. Енергијата е позитивна, има многу шеги, убаво расположение и другарство… Многу сум задоволна, а верувам дека и Сале, ако нè гледа одозгора, е горд на нас“, рече таа.

Започна и снимањето на филмот за животот на Саша Поповиќ, а на прашањето дали и таа ќе зборува во документарецот, Снежана откри: „Веќе го направив тоа, и тоа е доказ колку беше сакан и почитуван во ‘Гранд продукција’, чиј што еден од основачите и беше“.

Слични објави

Во сообраќајна несреќа во Белград загина поранешниот сопруг на пејачката Ивана Шашиќ

Е.А.

(Фото) Голема прослава кај семејството Ѓоковиќ – снаата едвај ја пресече тортата, Дијана позира покрај синот и внукот

Еспресо

Ацо Пејовиќ откри каде ја сретнал Наоми Кембел: „Ќерка ми се пошегува дека конечно ќе продолжиме таму каде што застанавме“

Е.А.

Јаков Јозиновиќ за дуетот „Сузе“ со Џејла Рамовиќ и гласините за врска: „Приватниот живот го чувам за себе, но нејзината поддршка многу ми значи“

Е.А.

Јелена Карлеуша за поранешните пријатели: „Ме ограбија и ме измамија“

Еспресо

Заштедете време и труд — пет работи што ги перете на рака, а можете да ги исперете во машина

К.С.
Се вчитува....