26.8 C
Скопје
19:10 - 25 мај, 2026

ПОЧИНА КРЕАТОРОТ НА НЕОДОЛИВАТА„ДОМАЌИЦА“ И БИСКВИТИТЕ „ПЛАЗМА“: Петар Тутoвац бил првиот школуван изработувач на бисквити во Хрватска

Креаторот на популарната „Домаќица“ и еден од авторите на рецептот за бисквити „Плазма“, Петар Тутoвац, почина на 88-годишна возраст, пренесоа балканските медиуми.

Роден во БиХ, Тутoвац во 1949 година се пријавил на курс за правење бисквити што го распишала фабриката „Краш“ од Загреб и станал првиот школуван изработувач на бисквити во земјата.

Иако на твитер се „спори“ и има безброј коментари како всушност, оригиналната бисквита е со италијанско потекло, а југословенската верзија е адаптирана, сепак овој бисквит е незаменлив дел од една голема слика на детството на многу генерации.

Зарем може да се замисли роденденска торта без овој бисквит во рецептот?
Зарем може да се замисли било какво одење на гости без култните „Домачица“ за подарок?

Мислам дека не.

Тутовац подоцна во животот се вработил во „Краш“, а неговиот прв оригинален производ била „домаќица“, која всушност била негов дипломски труд. Колачињата „Домаќица“ подоцна доживеаја разни варијации, но основата останала токму онаква како што замислил Тутавац во неговата дисертација во 1950-тите. Не постои слава, роденден, било каква семејна пригода без овие симболични колачиња.

Врвот на кариерата го достигнал во Пожаревац, каде што ја основал фабриката „Бамби“ и бил еден од креаторите на рецептот за „плазма“. Пазарот за овие бисквити наречен и „Лане“ беше симбол на бившата Југословенска република, секојдневна навика и едноставно дел од животот на сите генерации љубители на овој незаменлив бисквит.

Петар Тутовац/Фејсбук
Петар Тутовац/Фејсбук

Самиот Петар за својот рецепт изјавил во една прилика:

„Тоа беа други времиња, кога знаењето не се криеше, туку се споделуваше. Сите мои рецепти и производи се правеа под името на ‘Бамби‘. Секогаш мислев дека сето тоа е на народот, така што се зајакнува социјалната сила и угледот на нашата земја на домашниот и светскиот пазар. Тоа беа времиња кога важеа некои други правила и односи меѓу луѓето. Добро ми е вака, јас сум среќен човек“, изјави тој во своето последно интервју за Слободна Далмација.

Во негова чест, одам да си направам попара од „Плазма“ со млеко.

Слава му!

Слични објави

Весна Ѓогани за брачните проблеми: „И кај нас има денови кога врне дожд, не е сè идеално“

Е.А.

Маја Шупут и 19 години помладиот Шиме Елез веќе не се заедно: Секоја приказна има свој почеток и крај

Т.Ц.

По 15 години брак, се разведе синот на Зорица Брунцлиќ, снаата открива: „Ми забрани да се збогувам со Зорица и Кемиш“

Е.А.

(Фото) Бујно деколте на зајдисонце: Еве каде ужива Ирена Спасовска

msp-admin

„Маца во канџите на тигарот“ – Момчето на Јована Јеремиќ ѝ посвети песна

Е.А.

Голем неделен хороскоп: Се наоѓате во интензивен љубовен циклус, а расположението ќе ви се менува како плима и осека

Т.Ц.
Се вчитува....