04:13 - 28 ноември, 2026

По борбата со тешката болест: Почина Ивана Мрваљевиќ, една од најзначајните црногорски актерки

Црногорската актерка, продуцентка и истакната уметница Ивана Мрваљевиќ почина денеска на 48-годишна возраст, пишува портал Аналитика. Таа беше една од најзначајните црногорски актерки.

Познатата актерка почина по борбата со тешката болест.

Родена е 1976 година во Цетиње, а во родниот град дипломирала на Факултетот за драмски уметности во класата на Бора Стјепановиќ во 1999 година. Била и членка на ансамблот на Градскиот театар, при што подоцна магистрирала продукција во Торино.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Mrvaljevic (@o.o.o_r1)


Ивана уште во студентските денови остварила неколку улоги, а најзначајните, како во театарот, така и на филм и на ТВ, следувале во следните децении.

Иако имала исклучително забележителни улоги во претстави во продукција на бројни црногорски и странски театарски куќи, нејзината кариера ќе остане запаметена по нејзиниот неизмерен придонес во работата на Градскиот театар.

Била директорка на Градскиот театар во Подгорица од 2012 до 2016 година.

Воедно, подолг период се занимавала со видео, ТВ, филмска и мултимедијална продукција.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Ivana Mrvaljevic (@o.o.o_r1)

Слични објави

Катарина Живковиќ застана во одбрана на Вељко Ражнатовиќ: „Момчињата не носат здолништа и точка“

Еспресо

„КРАЈ. Станав и си заминав“ — Нина Ред раскажа за непријатното искуство со повозрасен маж

К.С.

Теодора Џехверовиќ го откажа настапот поради повреда: Јавно објави и медицински извештај

Еспресо

„Денеска ќе наполнеше 15 години…“: Јелена Розга се присети на саканиот член на семејството и ги растажи следбениците

Еспресо

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо
Се вчитува....