17.8 C
Скопје
14:33 - 18 октомври, 2026

(Видео) Со помош на вештачка интелигенција излезе нова песна од Тоше Проески

„Kажу да време лечи све” е насловот на песната која се чинеше дека можеби никогаш нема  да го здогледа светлото на денот.

Но со помош на новата АИ технологија е изваден вокалот и пијаното за од демо да се направи студиска снимка.

Тоше и Ерик во студио

Демо снимката од песната била оставена како аманет на еден од ретките вистински пријатели кој Тоше го имал, на познатиот радио водител, диџеј и продуцент Кирил Зарлинов попознат како диџеј Ерик Фокс. Кирил одлучил демо снимката комплетно аранжмански да ја заврши и да ја даде како подарок од Тоше за сите негови обожаватели по повод неговиот роденден, се со цел неговиот лик и дело никогаш да не бидат заборавени.

Првата демо снимка е направена во септември 2004та година во домашното студио на Кирил.

Автор на музиката и текстот е Зоран Ѓорѓевиќ, а аражманот и продукцијата се на Кирил Зарлинов (диџеј Ерик Фокс). Миксот и мастерингот се на нашиот познат микс инженер, кој долги години живее и работи во САД  Костадин Камчев -“Студио Моцарт” од Њу Џерси, кој има три номинации на музичките ГРЕМИ награди за најдобар микс инженер.

„Голема благодарност до целата екипа кои што несебично помогна во реализацијата на песната; Давор Јордановски, Дарко Тасев, Иле Спасев, Јован Јованов и Александар Тасиќ од Лесковац. Посебна благодарност до Александар Трајковски кој што ја донесе песната во Македонија и му ја понуди на Тоше”–  се заблагодари Кирил.

За спотот се погрижи екипата на “Студио 351” од Кавадарци, светски познати по изработката на лирикс видеа за најголемите светски звезди како Аријана Гранде, Дејвид  Гета, Ед Ширан, и многу други. А најголема благодарност е искажана до семејството на Тоше за неизмерната подршка за овој проект.

Во продолжение слушнете ја песната.

 

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....