30 C
Скопје
18:10 - 10 јули, 2026

По скандалот со порно-снимаката, Карлеуша помислила да се убие: „Ве повикувам да ми се придружите во оваа петиција“

„Поради сето ова, за правда, за сите жртви на зли и развратни луѓе, ја поддржувам оваа петиција и ве повикувам да ми се придружите!“

Пејачката Јелена Карлеуша на својот Инстаграм профил проговори за скандалот во кој се најде пред неколку години.

Многу јавни личности се соочија со разни уцени и закани од поранешните партнери кои поседуваа нивните експлицитни фотографии, а Карлеуша е само една од многуте жртви на, како што вели, „одмаздничката порнографија“.

– Како јавна личност, сопруга и мајка, бев жртва на брутална одмаздничка порнографија. Тогаш еден нечовек се обиде кукавички и мизерно да ми го одземе животот, честа, семејството, гордоста, иднината искористувајќи го моментот на моето невнимание. Тој го сликаше екранот со телефонот за време на еден видео повик без мое знаење, а потоа ме уценуваше со тие фотографии. По уцената имаше и закани, кои ги исполни со тоа што тие скринпринтови прво ги испрати до моите непријатели, а потоа и до сите медиуми. Дека злото што ме го направи на мене не доаѓа само, доказ е дека мајка ми умре наскоро, а медиумскиот линч и моите разголени фотографии беа последните работи што ги виде – ја започна својата исповед Карлеуша и продолжи:

– Морав да ги отпуштам децата од училиште, а мојот сопруг одеше по мене низ домот и бараше да се самоубијам. Искрено, во еден момент сериозно размислував за тоа. Животот ми беше уништен само затоа што еден бедник реши да ми се освети. Најдов сила, се собрав и му реков на мојот сопруг и на медиумите, на целата јавност да се носат во п.м! Најдов сила да си го спасам животот и да кренам глава, главно поради моите деца. Да имаше јасен закон, клошарот и бедникот да отидеше во затвор за пример за сите, немаше да биде уништен мојот и животот на многу луѓе, особено на жените – додаде Карлеуша и заклучи:

– Поради се ова, за правда, поради сите жртви на злите и изопачени луѓе, ја поддржувам оваа петиција и ве повикувам да ми се придружите! Јас не се убив, многумина на себе дигнаа рака, а утре нова жртва може да бидете вие! Да им застанеме на нелуѓето на патот и да ја повикаме државата да биде со сите нас!

Слични објави

(Фото) Емина Јаховиќ на одмор со синот Јавуз: Во костим за капење и без шминка ги воодушеви следбениците

Еспресо

(Фото) Маја Николиќ воодушевена од несекојдневна глетка на Халкидики: „Ова во животот не сум го видела“

Еспресо

Јелена Карлеуша откри низ каква криза финансиска поминувала и јавно му се заблагодари на Жељко Митровиќ: „Ми подаде рака кога ми беше најтешко“

Еспресо

„Многу ми е жал…“: Прво огласување на Мина Костиќ по пеколот низ кој помина и сместувањето во психијатриска клиника

Еспресо

Босна и Херцеговина нема да настапи на Евровизија ни во 2027 година

Еспресо

(Фото) Му прекипе на Бајага — го навреди следбеникот со „примитивен коњ“ по жестока расправија на Инстаграм

Еспресо
Се вчитува....