17.8 C
Скопје
14:38 - 18 октомври, 2026

Петар Грашо искрено: „Јас не сум многу дома, Алба и Тони ќе бидат мамини деца“

Хрватскиот пејач Петар Грашо проговори за неговиот приватен живот, поточно за новиот член во неговото семејство, синот Тони, и среќата која ја живеат со неговата сопруга Хана Хуљиќ.

„Секако дека се радуваме, сега веќе можеме да кажеме дека имаме некакво искуство. Сега се од полесно, веќе ништо не ни првпат. Единствената работа која е иста е радоста“, изјави Грашо за „Ин магазин“.

„Фала му на Гога, јас многу често вложувам дополнителни напори да се вратам дома, да ги фатам тие 48 или 72 часа меѓу концертите. Не сум постојано дома, но тука сум – се гледаме и заедно се радуваме“, додаде пејачот.

Грашо вели дека неговите деца, ќерката Алба и синот Тони, веројатно ќе бидат „мамини деца“.

„Мислам дека тие ќе бидат повеќе мамини деца бидејќи тато секогаш ќе биде помалку дома отколку мама. Мама се грижи за нив, а тато е како некој споменик кога ќе дојде бидејќи не е многу присутен. Ќе видиме кого ќе го бираат, лесно е да се бира кога постојат двата родители, бабите и дедовците, во зависност од тоа кој им дал Чоколино тој ден или не. Децата бргу ги менуваат афинитетите“, заклучи Грашо.

Слични објави

(Фото) Префинет избор за мажи со изграден стил – „Капитол“

Еспресо

(Фото) Јана Серафимова е бремена — водителката го покажа трудничкото стомаче во гламурозен фустан

К.С.

Кристина Арнаудова и Александар наскоро слават 20 години брак: Заедно отсекогаш и засекогаш

Еспресо

(Фото+видео) Децата на Тамара Тодевска се музикални на мајка им

Еспресо

Приказната зад култниот хит „Селма“ на Бијело Дугме крие невозвратена љубов и еден скршен прозорец на железничка станица

Е.А.

(Фото) Како да е принц – Анастасија Ражнатовиќ го покажа гламурот во кој спие нејзиниот син Илијан

Еспресо
Се вчитува....