01:43 - 7 ноември, 2026

Оваа жена не старее: Нема да ја препознаете Дани Димитровска во новиот спот (ВИДЕО)

Дани конечно се враќа на своето. По албумот „Град за љубов“ со поп-џез призвук, една од највредните пејачки на нашата естрада се враќа на својот претпознатлив рок-стил и ви го претставува најновото музичко остварување од „купчето“ нумери кои допрва ќе ги слушнете.

Новата рок-тема носи наслов „Четири ѕида“ и очекувано како автори се потпишуваат брачниот тандем Весна Бабамов Малинова и Кирил Бабамов, кои всушност својот потпис го ставаат на речиси целиот музички опус на Дани.

Дани Димитровска

– „Четири Ѕида” е емотивен расказ во мелодија, споделено искуство, исповед. Преживеани изџвакани комуникации барем еднаш во животот помеѓу партнери, родители и деца, брат и сестра, кој како ќе се пронајде. Секогаш се пронаоѓаме кога зборуваме вистина. Љубов е суштината. Секогаш. Во секоја песна, па и во оваа – вели Дани.

За новата песна Дани сними и интересен видеоспот зад кој се потишува филмското дуо Пеце Здравковски и Ѓорѓи Вацев, а за потребите на ова видео темпераментната рокерка го промени својот изглед, па наместо кожни панталони и црни маички, Дани ја гледаме во едно скроз поинакво издание!

Дани Димитровска

Инаку Дани неодамна се врати од Каиро каде одбележа 12 години активна работа како „UN Celebrity Ambassador“ во доменот на ширење свест за човечките права.

Исто така 2019 година е јубилејна за Дани. Во март својот солистички концерт во Македонска филхармонија го посвети на 20-те години музичка кариера.

Погледнете и уживајте во спотот:

Слични објави

(Фото) Синот на Пеце од „Суперхикс“ наполни 18 години: „Те сака една будала од татко. Засекогаш!“

К.С.

Мина Костиќ е обвинета за кражба на облека во трговски центар – пејачката веднаш се огласи

Еспресо

(Фото) Миа Костова за промените во тежината: „Во короната качив 20 килограми, денес ја одржувам истата тежина веќе четири години“

К.С.

(Фото) Синот на Лепа Брена не ја крие девојката: Александра во мини-фустан привлече внимание на семејна прослава

Еспресо

(Видео) Јелена Спенџарска ужива во Бугарија — се капеше во студен базен среде ноември и се пошегува на своја сметка

К.С.

(Видео) Ацо Пејовиќ откри како го лекува мамурлакот, па призна со кого најмногу сака да пие: „Само Саша Матиќ може да ми парира“

Еспресо
Се вчитува....