19:19 - 27 ноември, 2026

Откриено името на ќерката на Огњен Амиџиќ и Мина: Се поврзува со Богородица и е популарно низ целиот свет

Водителот Огњен Амиџиќ по третпат стана татко. Неговата сопруга Мина Наумовиќ се породи на 24 јануари и на свет донесе здраво девојче.

Гордите родители решија ќерката да го носи името Лола.

Породувањето поминало без компликации, а лекарите ѝ дале највисока оценка на бебето. И мајката и новороденчето се чувствуваат одлично.

Името Лола има шпанско потекло и е скратено од името Долорес. Во религиозен контекст се поврзува со Богородица, а денес е многу популарно во повеќе земји низ светот, меѓу кои Шпанија, Франција, САД и Русија. Често се поврзува со карактеристики како шарм, самодоверба, независност и силна животна енергија.

Во индиската митологија, името Лола се доведува во врска со божицата Лакшми, симбол на благосостојба, љубов и среќа.

Со Мина, Огњен Амиџиќ го има и синот Перун, додека од претходниот брак со манекенката Данијела Димитровска го има синот Матија.

Амиџиќ, кој и претходно јавно истакнуваше дека посакува ќерка, по раѓањето не го криеше своето воодушевување.

„Пресреќен сум. Сѐ помина во најдобар ред. Мина и бебето се супер. Со нетрпение чекам сите заедно да бидеме дома“, изјави тој кратко по породувањето.

Слични објави

(Фото) Познатата готвачка Мартина Симјановска наскоро ќе стане мајка по вторпат: „Бато Лука е спремен за тебе, бебушко!“

К.С.

(Фото) Наташа Беквалац блесна во бордо фустан – со длабоките изрези ја откри тетоважата на колкот

Еспресо

Алекса Балашевиќ сподели емотивен спомен за својот татко Ѓорѓе: „И вечерва месечината го бара својот светец…“

Еспресо

(Видео) Синот на Лозано и ќерката на Мартин Филиповски во улога на музичари — најслатката најава за концертот на „Некст тајм“

К.С.

(Фото) Гога Секулиќ ослабе дури 27 кг! Дејан Милиќевиќ го обвинија дека ја истенчил, а тој ги покажа необработените фотографии

Еспресо

Војаж за првпат сподели заеднички фотографии со свршеницата по раѓањето на детето: Уживаат на зимски одмор во Франција

Е.А.
Се вчитува....