25.8 C
Скопје
18:02 - 8 мај, 2024

НЕДЕЛЕН ХОРОСКОП: Биковите се повлекуваат во себе, Раковите се збунети

ОВЕН

Вложувате многу енергија во работата. Овој период ќе дознаете многу нешта кои не сте ги ни претпоставувале. Не трошете време на туѓите грижи и чувајте се од интриги. Во поле на љубовта сте нетрпеливи, но молчете уште малку, промените доаѓаат во блиска иднина. Чувајте се од главоболки.

БИК

Овој период е поволен за финансиски добивки. Не се затрупувајте со обврски, туку искористете дел од одморот. Одложете сè што не е итно. Во љубовта, се повлекувате во себе, најмногу поради несогласуваеата со саканата личност. Не молчете, разговарајте отворено, за да спречите посериозни последици по односот.

БЛИЗНАЦИ

Неделата е преполна со стресови, а тоа ви влијае и на самодовербата. Не дозволувајте ова расположение да ве распарчи и да ви нанесе трајна штета. Односите во љубовта сте стабилни, но чувствувате потреба повеќе време да поминувате со своето семејство. Внимавајте, саканата личност може многу погрешно да го протолкува тоа.

РАК

Ви се отвораат можности. Сите нешта ви звучат реално и поволно, но роковите се кратки. Не се колебајте, бидејќи ќе пропуштите значајни шанси. Збунети сте, бидејќи ве привлекува личност која не е адекватна за вас. Свесни сте за тоа, но не можете да си помогнете. Поради тоа можно е да западнете во меланхолија.

ЛАВ

Добивате понуди за соработка кои звучат добро. Во овој случај послушајте го внатрешниот глас, без разлика што ви кажува. Впуштајте се во нови подвизи со доза на критичност. Во љубовта, држете до својот став. Чекате на другата страна да направи чекор, но нема да боли ако и вие го направите тоа. Можни проблеми со кожата.

ДЕВИЦА

Под притисок сте да донесете важна одлука. Ќе бидете вознемирени, но токму во хаосот ќе успеете да го направите определувачкиот потег. Во партнерските односи владее затишје, саканата личност се однесува себично и нетрпеливо. Не губете надеж, овој период е минлив. Ве мачат несоници.

ВАГА

Ќе имате неочекуван трошок, а и слабо менаџирате со финансиите. Бидете внимателни, не сакате да западнете во големи долгови. Во љубовниот живот е стабилно, но вас постојано ве мачи помислата дека нешто недостига. Затоа, морате да се ослободите од „критериумите“ кои ви ги наложува минатото. Чувајте се од алергии и белодробни заболувања.

СКОРПИЈА

Оваа недела е интензивна, ќе бидете преполнети со работни задачи, а свесни сте и дека ви се потребни одредени промени. На поле на љубовта владее одредена монотонија. Бидете внимателни во комуницирањето со личноста која ви се допаѓа, бидејќи само еден погрешен збор може да ги уништи сите шанси.

СТРЕЛЕЦ

Изложени сте на притисок поради интензивните работни обврски. Ви треба само мала мотивација за повеќе да се потрудите. Бидете љубезни кон колегите. Време е за компромис во љубовта. Разговарајте со партнерот и проверете дали вашите ставови се усогласени. Редовно контролирајте ја крвната слика и јавете се на систематски преглед.

ЈАРЕЦ

Во денешно време добрата работа се мери со платата. Свесни сте за тоа и сакате да ја подобрите својата ефикасност. Очекувајте нештата да не одат толку брзо колку што сте си замислиле. Во љубовниот живот се приближувате до крај на една фаза, најверојатно ќе надминете некаква криза. Можни болки во ‘рбетниот столб.

ВОДОЛИЈА

Во тек се важни промени. Околу вас има тензија и променливо расположени луѓе. Обидете се да ги избегнете стресовите, колку и да ви се чини невозможно. Партнерот е постојано тука да ви дава поддршка, но чувствувате дека сака повеќе да ве „врзе“, но не сте подготвени на тоа. Чувајте се од респираторни заболувања.

РИБИ

Збунети сте. Чувствувате дека доаѓаат некои промени, врз кои вие немате никакво влијание. Потиснувате тензија, но правите сериозна грешка со тоа. Можно е да дознаете непријатни нешта за минатото на саканата личност. Чувајте се од манипулации и проверувајте ги изворите на информации. Хроничен умор.

Слични објави

„Сега сум среќна жена“: Драгана Мирковиќ блеска по разводот со Тони Бијелиќ

Еспресо

(Видео) „Ви благодарам драги луѓе“: Никола Роквиќ пешачи 17 дена, откри колку пари се собрани досега!

Еспресо

Тони Бијелиќ веднаш се огласи по веста дека ја моли Драгана да се смират

Еспресо

(Видео) Гледачите на Евровизија шокирани! Ирска со најконтроверзниот настап на првото полуфинале од годинашното издание

Еспресо

Пукање пред вилата на раперот Дрејк: Застрелан член од неговото обезбедување

еспресо

Астропрогноза за среда, 8 мај: Вагите да избегнуваат конфликти, Стрелците да внимаваат на долгови

еспресо
Се вчитува....