17.5 C
Скопје
03:17 - 19 јуни, 2026

„Наташа Беквалац подолго избира песни отколку сопруг“: Пејачката зад себе има три брака, оваа објава насмеа многумина

Поп-пејачката Наташа Беквалац зад себе има три неуспешни бракови, а сега со една фотографија ги насмеа сите.

По разводот со поранешниот ватерполист Данило Икодиновиќ, со кој ја има ќерката Хана, се омажи уште два пати, а со последниот сопруг Лука Лазукиќ ја има наследничката Катја.

Пејачката е многу спонтана, духовита и природна личност и често се шегува на своја сметка, а сега на Инстаграм објави фотографија која изненади многумина.

„Наташа Беквалац подолго избира песни отколку сопруг. Затоа и траат подолго од нејзините бракови. Полека Нати“, гласи шеговитата објава на социјалните мрежи, која таа ја објави на својот инстаграм-профил и напиша „дефинитивно, вистина“.

Да потсетиме, физичкиот изглед на Наташа Беквалац, откако се појави на јавната сцена, е едно од нејзините „најмоќни оружја“.

Во последните две години, пејачката ја усоврши својата линија. Иако признава дека генетиката игра голема улога во нејзиниот изглед, Наташа признава дека дисциплинираниот однос кон храната е заслужен за нејзиниот изглед по 40-тата година.

„На мои години,  не можам да јадам што сакам и кога сакам или воопшто да не вежбам. Пред 15 години можев да кажам дека тоа е само мојата генетика, но сега работите се сменија. Секој ден имам точен план – знам каква храна да јадам, колку вода да пијам и колку да мрдам. Морам да бидам во топ форма во секое време. Ако пропуштам 10 дена вежбање, тоа многу го забележувам – изјави таа за ТВ Курир.

Кога од своето мени отстранила печива, компири, соја, грав, боранија, тестенини, грашок, ориз, грицки, слатки и сокови, таа изгубила 10 килограми за еден месец.

Слични објави

Драгана Мирковиќ проговори за 8-месечната внука: Првиот збор ѝ е „бабо“, тоа ми е најдрагата титула

E.A.

Сузана Манчиќ се прости од Лидија Маниќ: Смртта на поранешната мис Југославија ја потресе јавноста

Еспресо

(Фото) Северина во високо друштво и во високи поптетици го гледала натпреварот помеѓу Хрватска и Англија

Еспресо

„Татко ми се срамеше кога открив дека израснал во дом“ – Слаткар со лична семејна приказна

Еспресо

Шако Полумента тврди дека неговата сопруга е „света“, но ја изневерувал каде што стигнал: „Таа знае за сите мои љубовници“

Еспресо

Министерот за надворешни работи на Босна и Херцеговина бара забрана за концертот на Јелена Карлеуша во Сараево

Еспресо
Се вчитува....