23:26 - 30 јануари, 2026

Најскапиот парфем во светот чини 1.295 милиони долари

Кога сакате да купите нешто што е најскапо на светот, веројатно ќе биде потребно да се упатите кон Дубаи…

Овој емират е познат по својот вкус за скапо и гламурозно, а во центар на нашето внимание денес се најде „The Spiris of Dubai Parfums by Nabeel“. Станува збор за парфем кој многумина сакаат да го пробаат, но ретки лица ја добиваат таа шанса, поради неговата цена која надминува милион долари. Како прв епитом на луксузот, овој мирис со себе носи неверојатна доза на декаденција.

Се што се поврзува со него е опишано како ексклузивно и екстравагантно, започнувајќи од неговото официјално претставување во грандиозната Армани балска сала во Бурџ Калифа, па се до листата на лица кои таму присуствуваа.

Човекот кој беше задолжен за креирање на овој парфем, Асгар Адам Али, основачот на Nabeel Parfumes Group, изјави :

„Немав визија да креирам парфем кој е само олицетворение на личностите во Дубаи во едно монументално ремек дело, туку сакав да создадам мирис кој е олицетворение на врвот на луксузот на нашата планета“.

Дали и вие сега се запрашавте како мириса парфемот од милион долари? Па можеби неговите состојки ќе ви дадат некоја идеја: тој содржи нота од килибар, сандалово дрво, индиски агарвуд, мошус, турска роза, пачули, ylang-ylang и темјан. Според некои наоди тој на кожата останува до дванаесет часа, додека облеката на него ќе ви мириса и до триесет дена.

Нормално, како што е очекувано, пакувањето на овој парфем во поголем дел ја оправдува неговата цена: тој се наоѓа во куќиште кое е високо скоро два метри, а содржи рачно дувано шише од Мурано стакло со капацитет од 3 литри, со механизам за прскање кој се контролира далечински и се прилагодува на висината на корисникот. Куќиштете притоа се состои од 3,571 светкави дијаманти, топаз, бисери, 18-каратно злато во тежина од 2479,26 грама и 5892,99 чисто сребро.

Покрај се наведено, ексклузивноста на овој парфем се препишува и на фактот дека тој е единствен во светот кој зема два Гинисови рекорди – за најмногу дијаманти на едно шише и за највисок далечински контролиран производ кој прска.

Слични објави

(Фото) Ана Николиќ повторно во топ-форма: Го покажа згодното тело во проѕирен комбинезон

Еспресо

Мина и Каспер се разделуваат: По свршувачката, пејачката откри сè: „За два дена повеќе нема да бидеме заедно“

Еспресо

(Фото) Азис позираше со сопругот: „Ви посакуваме среќа на сите“

E.A.

Босанац купил стан од Вики Миљковиќ: Тој има една од најскапите вили во Белград, сега стана сопственик на уште една недвижност

Еспресо

Ја пронајде својата среќа: Харис Џиновиќ има нова партнерка која е 20 години помлада од него

E.A.

Даваше, а и уште ќе дава: Харис Џиновиќ ја заборави Мелина, сега си „бркна“ 20 години помлада

Еспресо
Се вчитува....